• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо13:34 13 септември 2017 ● Прочитано 716

Робот во човечки облик по име Ју Ми синоќа диригираше со филхармонискиот оркестар на концертот на италијанскиот тенор Андреа Бочели во театарот „Верди“ во Пиза, покажувајќи исклучителна мекост на движењата.

Тоа беше прво појавување на овој робот со две раце, дизајниран од швајцарската компанија АББ, по повод Првиот меѓународен фестивал на роботика во овој град во Тоскана.

Роботот диригираше со оркестарот при изведување 18 музички дела, вклучувајќи ја и познатата арија „Ла дона е мобиле“ од операта „Риголето“ на Верди, а кога ја подигна диригентската палка не покажуваше ниту најмал знак на нервоза.

- Ју Ми покажа високо ниво на флуидност во движењата, како и неверојатно изнијансирани изрази - изјави за весникот„Ил Фато квотидијано“, Андреа Коломбани, редовен диригент на оркестарот „Лука“, кој синоќа настапи во Пиза.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Најздодевни градови на светот се Истанбул и Сингапур

Листата „Сити лајф индекс 2018″ беше објавена откако биле анкетирани 15.000 луѓе, кои го прогласиле Истанбул за најздодевен град, а Сингапур втор.

Украдена слика од Едгар Дега вредна 800.000 долари е пронајдена во автобус

Сликата била украдена од Музејот „Кантини“ во Марсеј во 2009 година, каде што била позајмена од парискиот музеј Д’Орсеј.

Јаваат пениси за да добијат бебе

Паркот на пенисите атрaкција на Олимписките игри

Во Британија продаден чајник за 650.000 евра

Експертот од аукциската куќа „Вули и Волис“, откако му бил покажан чајникот, утврдил дека е изработен од Џон Бартлем, чии производи се многу ретки.

Зошто три (четири, пет…) деца, се полесни од едно

Колку пати сте го чуле ова, а колку пати сте превртеле со очите и сте помислиле „Глупости, јас и со ова едно едвај излегувам на крај, а камоли со три“

НАЈЧИТАНИ