• 23 ноември 2017
  • Вести денес: 119
Плусинфо13:27 13 септември 2017 ● Прочитано 790

Континуирано подобрување на условите за странските инвеститори во земјава најави  премиерот Зоран Заев на денешната средба со германските инвеститори, членки на Македонско-германското стопанско здружение. 

- Продолжуваме да ви служиме во надминување на сите проблеми. Сметајте на нашата поддршка за секоја ваша идеја тука сме да ја охрабриме. Ако не се најде решение во прв чекор, сигурно ќе се најде во втор -рече премиерот Заев.

Тој ,рече дека веќе утре ќе биде објавен новиот пакет мерки за привлекување странски инвестиции кои ќе биде наменет за нови инвеститори, но ќе се однесува и за старите. Измените во новиот пакет ќе бидат во насока на поголемо стимулирање на компаниите што повеќе вложуваат во развојот. Тоа ќе се контролира од завршната сметка.

Заев ги повика странските инвеститори во наредниов период да помогнат во изнаоѓање решенија за да можат од почетокот на идната година да почнат да се применуваат новите мерки. 

Појасни дека стимулација ќе има и за зголемување на извозот на компаниите и вети дека на секакви начини ќе се бара решение за намалување на административните бариери. 

Претставникот на Германската стопанска комора Патрик Мартенс нагласи дека Комората во наредниот период ќе биде фокусирана на подобрување на стручното образование во земјава и додаде дека наскоро во Македонија ќе дојдат инструктори кои ќе вршат обука во претпријатијата со цел да се создаде стручна работна сила.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Околу 1.600 вработени по Рамковен уште ќе нишаат врата за плата

Секретаријатот за спроведување на рамковниот формирал работна група која ќе ги пронајде институциите во кои не е спроведена правичната застапеност.

Со многу труд и пари Коридорот 8 ќе излезе од ќорсокак

На македонска територија сè уште не се обезбедени пари за третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија.

ЕЛЕМ е првиот клиент на изумот сензор за мерење на сончева енергија

Компанијата ќе го искористи изумот за изнаоѓање најдобра локација за изградба на фотонапонска централа.

АНАЛИЗА: За кои капитални инвестиции ќе има пари и колку?

„Капиталните инвестиции планирани на ниво од 24.645 милиони денари, се наменети за интензивирање на инфраструктурните проекти...

Македонија и Бугарија договорија соработка во енергетиката

Денеска во Струмица беше потпишан и Договор меѓу двете соседни земји за соработка во туризмот.

НАЈЧИТАНИ