• 26 септември 2017
  • Вести денес: 2
Плусинфо13:39 13 септември 2017 ● Прочитано 701

Собранието на Република Македонија денеска го констатираше престанувањето на мандатот на Комисијата за верификација на факти, таканаречената Комисија за лустрација.

Претседателот на Собранието Талат Џафери појасни дека Комисијата за верификација на фактите врз основа на член 5 став 3 од закон за престанување на важење на Законот за определување услов за ограничување на вршење јавна функција, пристап до документи и објавување на соработката со органите на држанвите безбедност, до Парламентот доставила информација за нејзината работа за периодот 15 јануари 2009 година до 31 август 2017 година и оти тоа информација до пратениците била доставена на 29 август.

Врз основа на таа информација, Собранието на Република Македонија на првата наредна седница без претрес констатира дека мандатот на Комисијата за верификација на фактите престанува. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Заев:СДСМ кандидира чесни и искрени луѓе кои обединуваат

Граѓаните ќе ги добиваат сите потребни услуги на едно место, рече лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев вечерва на митингот во Битола.

Спасовски: Докажавме како се работи во интерес на граѓаните ВИДЕО

Ветивме дека ќе донесеме нов закон за повисока минимална плата и тоа го остваривме, рече Спасовски.

Заев од Ресен: Криминалната ера на Груевски заврши на 31 мај (ВИДЕО)

Претседателот на СДСМ го повика граѓаните да го заокружат бројот 19 на локалните избори на 15 октомври.

Ахмети: Победата во Тетово е важна за ДУИ

Тетово е центарот на Албанците и токму затоа ни е важна победата во овој град, рече вечерва претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Николовски: Нема веќе нелегално прислушување во Македонија

Николовски исто така потврди дека навистина постои комбе, но не е жолто и сè уште се утврдува за што точно било користено.

НАЈЧИТАНИ