• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 71
Плусинфо14:21 13 септември 2017 ● Прочитано 1334

Прашањето за повторно воспоставување на директна авионска линија меѓу Скопје и Сараево е покренато денеска на средбата на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со министерот за комуникации и транспорт на Босна и Херцеговина, Исмир Јуско.

Како што соопшти Кабинетот на министерот, двајцата министри се согласиле дека потребно е владите на двете земји да создадат услови за повторно воспоставување на оваа авиолинија.

- Ние како држави имаме многу заеднички работи и токму ваквата авионска линија ќе придонесе за остварување на поблиски односи меѓу бизнис секторот, граѓаните, културните врски. Инаку меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина од 2004 година постои Билатерална спогодба за воздушен сообраќај така да не постојат пречки оваа линија повторно да се воспостави - изјавил министерот Сугарески.

На средбата се разговарало и за Договорот за основање на транспортната зедница кој ќе ги забрза секторските реформи и либерализацијата на пазарите во одделните видови на транспорт, додека на подолг рок ќе придонесе за подобрена ефикасност, пониски трошоци и подобар квалитет на транспортните услугите.

Тема на разговор бил и патниот и железничкиот сообраќај и подобрување на безбедноста во инфраструктурата.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тевдовски: Се зајакнува транспарентноста и контролата на јавните набавки

Согласно европските правила и практика, новиот закон нуди можност покрај цената во предметот на набавката да се вреднува и квалитетот.

Вработените во „Еурокомпозит“ го блокираа патот Прилеп-Градско

Инсистираат да им бидат исполнети барањата за исплата на две плати за да почнат да работат и да чекаат шест месеци, како што е договорено со Владата.

Македонски Телеком ја зголеми нето добивка

На пазарот на мобилната телефонија, компанијата има удел од 48,6 отсто, а базата на претплатници на крајот од минатата година изнесувал 1.203.000.

АЕК ќе потроши 5 милиони денари повеќе за плати на вработените

Најмногу пари Агенцијата ќе потроши за кулата во Водно, но дали таа воопшто ќе се гради, треба да каже Владата.

„Македонски шуми“: Денот на дрвото чинел 17,8 милиони евра

Од вкупниот број на пошумени садници од 35.211.986 прифатени се или преживеале 7.394.518 садници.

НАЈЧИТАНИ