• 23 ноември 2017
  • Вести денес: 119
Плусинфо14:22 13 септември 2017 ● Прочитано 3161

По расправијата и дискусијата што ја имаше со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ откако не даде едночасовна пауза по барање на кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски со образложение дека ја побарал по истекот времето предвидено за процедурална забелешка, претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери сепак даде пауза, но, како што рече, поради тоа што се создале услови за договор.

- Не може да се наметне одлука под притисок и закана, а кога 50 пратеници излегувате овде и ја правите истата грешка, тогаш тоа значи дека е насилно. Под уцена ни сега, ни утре, ни никогаш нема да прифатам донесување одлука. На ваков начин кога може да се слушаме јас ќе прифатам, поради тоа што јавно се договараме во моментов - рече Џафери.

Додаде дека кога на 27 април бил избран за претседател на Собранието, укажал и сега јавно повторува оти ова „или ќе биде Собрание или нема да го има, не буквално, физички, туку функционално и инстуционално“.

Расправијата настана кога пратеникот Димовски побара пауза, со цел, како што рече, пратениците од мнозинството и Џафери да можат да размислат и да ги отстранат процедуралните грешки, а претседателот на Собранието не дозволи, со образложение дека барањето е дадено по истекот на времето за процедурална забелешка. По ова, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пријдоа до Џафери, посочувајќи му дека повторно ги крши процедурите и не го ги почитува правата на пратениците, односно координаторите кои имаат право да побараат пауза, не дозволувајќи му да продолжи со седницата.

Додека Димовски бараше Џафери да даде пауза која како координатор на пратеничка група рече дека има право да ја побара, а пред да му се приклучат неговите сопартијци, Џафери го стави дневниот ред на гласање кој беше усвоен со 49 гласови за, без воздржани и еден против. Во Собранието, рече Џафери, во моментот на гласањето имало повеќе од 61 пратеник, доволно да биде валидно.

Потоа тој побара пратениците да седнат на своите места за да може да се договорат и даде пауза.

Претходно, Димовски побара законот за употреба на јазиците да биде повлечен, со образложение дека со него се кршат повеќе одредби од собранискиот Деловник во однос на тоа која е надлежна матична комисија, во врска со поставувањето на европско знаме, иако нема регулатива на ЕУ со која се усогласува, како и дека преложениот закон не е усогласен со делевникот, поради што, како што рече, Џафери треба од Владата да побара усогласување во рок од 15 денови, а во спротивно ќе се смета дека не е поднесен.

Претходно, веќе имаше едночасовна пауза и две барања за отстранување на точката од дневниот ред кои не беа прифатени од мнозинството. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Борисов им бакна раце на четворица владици на МПЦ (ФОТО)

Заев и Борисов одржаа средба во четири очи во манастирот во Водоча.

МНР призна дека има забелешки од ЕК, ги решавало на дневна основа

Според МНР, Европската комисија преку македонската амбасада во Брисел од новата Влада побарала реализација на итните реформи од планот 3 – 6 – 9.

Нови гранични премини со Бугарија, прв Клепало-Сандански

За ова денеска разговарале министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија, Оливер Спасовски и Валентин Радев на средбата во Струмица.

СЈО настапи со 1.560 докази во „Труст“, меѓу нив и две необјавени „бомби“

Се очекува денешното рочиште, како што посочи и самата судијка да трае до крајот на работното време.

Прегратки на говорница, Борисов ја гледа Македонија во ЕУ и НАТО

Премиерот Заев истакна дека пред претседавањато на Бугарија со Европската унија, Македонија ја надгради соработката.

НАЈЧИТАНИ