• 26 септември 2017
  • Вести денес: 2
Плусинфо14:28 13 септември 2017 ● Прочитано 919

Владата утре ќе ги објави сетот мерки наменети за економијата, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Мерките содржат три главни столба, ќе бидат подеднакво наменети и за домашните и странските инвестиции, а главен критериум ќе биде резултатот од работењето.

Вицепремиерот посочи дека основно е дека мерките се наменети за оние компании кои можат да испорачаат раст и прогрес на Македонија, односно дека резултатот од работењето на компаниите ќе биде основен критериум за добивање помош од државата.

- Сите оние компании кои се подготвени да испорачаат раст на својот приход во текот на тековната година ќе бидат финансирани и поддржани од државата во текот на наредната година во облик на поврат на одредени средства, но тие средства нема да бидат враќани во дискрециско право на преговарање, туку средствата ќе бидат враќани исклучиво во одредени критериуми и подеднакви за кој било инвеститор дали е гринфилд инвестиција или станува збор за постојни економски капацитети - рече Анѓушев.

Истакна дека подеднакво по исти и одредени критериуми ќе бидат поддржани сите инвеститори. Појасни дека ќе има три главни столба на поддршка.

- Првиот столб на поддршка ќе биде гринфлд и браунфилд инвестиции, во ТИРЗ или надвор од нив. Компании што веќе работат и ќе бидат помогнати за тие и понатаму да инвестираат и растат. Третата група ќе бидат т.н. таргетирани компании, а четвртата компаниите кои се во стечај и ликвидација и нивно рестартирање - рече Анѓушев.

Додаде дека вториот столб е практично за поддршка на извозот.

- Цело време зборуваме дека мора да имаме поддршка на извозот и затоа е креиран посебен сет мерки за поддршка на извозот. Предвидено е секоја компанија која ќе го зголеми својот извоз во фискалната година што се анализа во споредба со претходните три години ќе биде поддржана на начин што ќе има процент на поврат на нивните инвестиции што ги направиле за растот на тој извоз - рече вицепремиерот.

Ги повика компаниите да бидат храбри да инвестираат и оти ќе бидат поддржани од Владата. Поддршката ќе биде поголема како се зголемува инвестирањето.

Анѓушев потенцира дека ќе бидат поддржани резултатите, а не желбите.

- Само така ќе може да бидеме сигурни дека секој денар на даночните обврзници ќе биде максимално одговорно искористен. Само така ќе бидеме сигурни дека на тој начин ќе ја отвориме спиралата на раст на БДП, на раст на плати на подобар живот и зголемување на животниот стандард - рече вицепремиерот.

Третиот столб, посочи тој, ќе биде специјализиран за мали и средни претпријатија каде има цел сет мерки, а некои се направени по израелски пример.

Според Анѓушев, мерките не се случајно изградени, земени се предвид досегашните искуства, политиката, анализата што ја направи Светска банка, но и препораките од денеска презентираната студија на Владимир Глигоров.

По објавување на мерките ќе биде отворена дискусија со стопанските комори, финансиски институции, МАНУ, универзитетите и сите кои ценат дека можат да придонесат пред тие да бидат донесени. 
 

Фото: МИА

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Ристевски: Нема отпуштања на работници со купувањето на рудникот „Саса“

Во делот на работниците не се менува ништо. Новиот сопственик го купува рудникот, за да работи, вели Ристевски.

Мислав Галер нов извршен директор во оне.Вип

Галер доаѓа од позицијата постар директор за големи корисници и е член на менаџерскиот тим на Кластерот Хрватска и Македонија.

Корпоративната општествена одговорност е повеќе од бизнис тренд

Добар пример за корпоративна општествена одговорност во Македонија, е компанијата „Жито лукс“ која активно ја изнесе и покажа својата одговорност.

Термоелктраните и оваа зима ќе ги гушат битолчани и кичевци

Миновски најави дека во 2018 година ќе почне да се реализира проект за поставување на нови електростатски филтри.

Миновски: Граѓаните плаќале поскапа струја бидејќи ЕЛЕМ имал големи трошоци

Само за периодот од 2012 до 2017 година компанијата за ангажман на надворешни фирми и камиони потрошила 212 милиони евра.

НАЈЧИТАНИ