• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо14:30 13 септември 2017 ● Прочитано 900

Македонските граѓани кои ќе  возат во Босна и Херцеговина во иднина нема да вадат меѓународна дозвола. Македонија и Босна и Херцеговина ги признаа националните возачки дозволи, за што денеска е потпишан и договор меѓу двете земји.

Договорот го потпишаа министерот за внатрешни работи и потпретседател на Владата, Оливер Спасовски, а во име на Советот на министри на Босна и Херцеговина го потпиша министерот за комуникации и транспорт Исмир Јуско.

- Надлежните органи на двете држави реципрочно ги признаваат возачките дозволи на возачите кои како туристи или комерцијални возачи управуваат со возило на територијата на едната или другата држава. Воедно, граѓаните кои имаат регулирано престој согласно националното законодавство на двете држави можат, без да има потреба од полагање теоретски и практичен испит, да ја заменат својата возачка дозвола за возачка дозвола од истата категорија и поткатегорија на другата држава. При исполнување на ова свое право граѓаните ќе треба да ја почитуваат административната процедура која ќе им го овозможи ова право - изјави Спасовски по потпишувањето на договорот.

Договорот со Босна и Херцеговина е дел од проектот на Министерството за внатрешни работи за реципрочно признавање и замена на возачки дозволи, кој МВР го има започнато со голем број држави во светот.

Вакви билатерални договори веќе се потпишани со  Италија, Шпанија, Албанија, Црна Гора и Србија, при што на носителите на македонска возачка дозвола кои престојуваат во овие држави не им е потребна меѓународна возачка дозвола, а на оние кои го имаат регулирано нивниот престој, може да им се изврши замена на возачката дозвола.

- Во тек е процедурата за потпишување Договор за признавање и замена на возачки дозволи и со Република Косово, Република Турција, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Сојузна Република Германија, кои претставуваат приоритет на Министерството за внатрешни работи, со оглед на фактот дека голем број македонски државјани живеат и работат во тие држави - рече Спасовски.

Министерот за комуникации и транспорт на БиХ Исмир Јуско потенцира дека овој договор е потпишан меѓу две пријателски земји, кои и натаму ќе ја унапредуваат соработката.

-Босна и Херцеговина и Република Македонија имаат одлични односи, а со потпишувањето на овој договор тие односи дополнително се унапредуваат- рече министерот Јуско.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Бугарија амбициозно „граби“ струја од сонцето

Иако источниот сосед сега има 60 пати повеќе фотоволтаици од Македонија, се гради нов гигантски соларен парк, а на покривите никнат соларни панели.

За проблемот со брашното ќе разговараат македонскиот и српскиот министер за земјоделство

Премиерот не очекува и зголемување на цената на лебот поради проблемите со кои се соочуваат мелничарите.

АПСУРДИ Власта се токми да ги осакати спортските обложувалници, ама и буџетот!

Измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри ќе предизвика масовни отпуштања во обложувалниците и пад на буџетските приходи.

Заев го посети тројцата браќа Вејселови, произвеле седум тони тутун ВИДЕО

Тутунот е тежок за производство, велат Вејселови, од расадување, берење, нижење до калапење во него учествува од најмалиот до највозрасниот член.

Струмички гимназијалци се наградени за идеи за „Коридорот 8“

Тие учествуваа со свои проекти како да функционра ова значајна комуникациска врска меѓу Македонија и Бугарија во иднина.

НАЈЧИТАНИ