• 26 септември 2017
  • Вести денес: 2
Александар Самарџиски15:03 13 септември 2017 ● Прочитано 2057

Премиерот Зоран Заев се засрами од понижувачката состојба во затворите, која повторно стана топ тема во јавноста, а амнестијата се наметна како неопходна за враќање на човековото достоинство на затворската популација во земјава.

Законот за амнестијата е во фаза на подготовка и опцијата за која најмногу се размислува е да се намалат околу 30 отсто од затворските казни што се утврдени со правосилна судска пресуда. Тоа би значело дека оние затвореници кои отслужиле најмалку две третини од казната би излегле на слобода, но не значи дека истото ќе важи за сите, односно амнестијата нема да ги опфати сторителите на тешки кривични дела. Ваквата информација ја потврдуваат и од Владата.

- Во оваа фаза започнати се консултации со експерти и се отвора јавна дебата. Условите во затворите итно треба да се подобрат. Амнестијата кога ќе се случи нема да ги опфати лицата што сториле тешки кривични дела, свирепи убиства, дела против човештвото и сторителите на сексуални злосторства врз малолетни лица – тврдат од Владата за Плусинфо.

Во амнестијата покрај спас од пренатрупаноста и немањето елементарни услови за живот, некои гледаат и исправање на неправдите од правосудството кои се направени во изминатава деценија.

- Во последните 11 години во Република Македонија 70 отсто од осудените лица се осудени или без докази или со прекршување на кривичната постапка. Штетите се огромни, направени се огромни неправди и на осудените и на нивните семејства. Водејќи се од девизата, подобро сто криминалци надвор отколку еден внатре, амнестијата е неопходна, исто како што беше кажано и од редица експерти меѓу кои и од анализата на „Транспаренси интернешенел“ – вели Ване Цветанов од Здружението Зелена лупа, кое се залага за владеење на правото, интегритет и функционалност на институциите.

Според него, мора да се најде начин што поскоро невините да излезат на слобода меѓутоа, вели, амнестијата е привремено решение кое ќе ја намали направената штета.

- Според проценките луѓето што се во затворите веќе имаат одлежано повеќе од две третини од казната што значи голем број луѓе би ги ослободиле затворите и тоа автоматски би ги подобрило и условите внатре – посочува Цветанов.

Тој вели логично и очекувано е и тоа што во јавноста преку одредени медиумски мегафони се пуштаат спинови, односно се злоупотребува темата за амнестијата и се кажува оти ќе се ослободувале криминалци, убијци, педофили. На Владата, пак, ѝ порачува да опстои на тоа што го ветила, односно дека ќе го врати владеењето на правото во земјава.

Проблемот со условите во затворите е актуелен веќе неколку години, во неколку наврати имаше и штрајк со глад, апели од граѓански здруженија и невладини организации. Пред неколку месеци еден предлог-закон за амнестија веќе беше доставен и во Собранието од страна на граѓанската активистка Мери Николова.

Во 2015та кога околу 500 затвореници во Идризово штрајкуваа со глад, подготовка на предлог-закон најави и Демократскиот сојуз, партија која тогаш беше во парламентарниот состав. Тогаш од партијата посочуваа дека амнестија во Македонија е потребна и претставува чин на простување, но и корекција на неправдата, како и можност за ресоцијализација. Меѓутоа, таков закон досега не се донесе.

Истата година, условите во затворите беа актуелни и на меѓународната сцена кога алармот го вклучија и од Обединетите нации (ОН) прогласувајќи глобална затворска криза. Пренатрупаноста, насилството, но пред сѐ, кршењето на човековите права се наведуваат како клучни проблеми во кризата што владее.


 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Заев:СДСМ кандидира чесни и искрени луѓе кои обединуваат

Граѓаните ќе ги добиваат сите потребни услуги на едно место, рече лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев вечерва на митингот во Битола.

Спасовски: Докажавме како се работи во интерес на граѓаните ВИДЕО

Ветивме дека ќе донесеме нов закон за повисока минимална плата и тоа го остваривме, рече Спасовски.

Заев од Ресен: Криминалната ера на Груевски заврши на 31 мај (ВИДЕО)

Претседателот на СДСМ го повика граѓаните да го заокружат бројот 19 на локалните избори на 15 октомври.

Ахмети: Победата во Тетово е важна за ДУИ

Тетово е центарот на Албанците и токму затоа ни е важна победата во овој град, рече вечерва претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Николовски: Нема веќе нелегално прислушување во Македонија

Николовски исто така потврди дека навистина постои комбе, но не е жолто и сè уште се утврдува за што точно било користено.

НАЈЧИТАНИ