• 23 ноември 2017
  • Вести денес: 120
МИА15:23 13 септември 2017 ● Прочитано 250

Британската Влада денеска соопшти дека ќе биде одложена четвртата рунда преговори меѓу Брисел и Лондон за повлекувањето на Велика Британија од Европската унија.

Во соопштението се наведува дека, новите преговори се одложени за една недела, односно ќе започнат на 25 септември.

Портпаролот на кабинетот на британскиот премиер Тереза Меј изјави дека решението за одлагање на преговорите е заедничка одлука на Велика Британија и на ЕУ.

Одложувањето на преговорите е направено со цел да им се даде повеќе време на преговарачките тимови за градење на простор за флексибилност, а со тоа и за обезбедување на напредок во целиот преговарачки процес.

Минатонеделната трета рунда, заврши без напредок и со отворени несогласувања и меѓусебни обвинувања на двете страни.

Поради несогласувањата на шефовите на преговарачките тимови, Мишел Барние и Дејвид Дејвис, интервенираше Меј. Таа побара да бидат забрзани преговорите за Брегзит.

Пратенците во британскиот Парламент вчера го усвоија Законот за излез на Велика Британија од Европската унија, со што се овозможува тој да влезе во следната фаза на парламентарната процедура.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер наведе во неговиот извештај, дека Велика Британија „набрзо ќе зажали за Брегзит“.

Лондонсите медиуми веруваат дека одлагањето на преговорите не е толку за давање повеке време на преговарачките екипи, колку да и се даде простор на Тереза Меј за нејзниниот говор пред британските конзервативци, за окј се верува дека е важен за нејзината идна позиција во партијата. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

МААЕ: Иран ги почитува обврските од нукеларниот договор

Како што претходно јави МИА, Трамп настојува Договорот да биде преразгледан и да вклучува построги должности за Иран.

Мугабе и неговата сопруга ќе добијат имунитет и можат да останат во Зимбабве

Тој се уште е наш почитуван херој од ослободувањето. Даде огромен придонес за развивањето на нашата земја во изминатите 37 години.

Иран прогласи победа на Асад во војната во Сирија

Командантот на Иранската револуционерна гарда, Мухамад Али Џафари прогласи победа на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Турција инсистира САД да го екстрадираат Фетула Ѓулен

Според Ѓул, САД досега не постапиле по ниту едно од овие барања, со што практично „кријат криминалец од правдата“.

Мјанмар и Бангладеш потпишаа договор за враќање на бегалците Рохинџи

Мјанмар и Бангладеш потпишаа Меморандум на разбирање за големата бегалска криза на муслиманската заедница Рохинџи.

НАЈЧИТАНИ