• 26 септември 2017
  • Вести денес: 2
МИА15:25 13 септември 2017 ● Прочитано 392

Турското Министерство за здравство бара затворски казни за сурогат мајчинството, објави весникот „Хуриет Дејли Њуз“.

Институцијата работи на предлог за криминализирање на овој вид мајчинство и бара законски промени со кои ќе бидат воведени казни затвор од две до пет години.

Министерството ќе достави предлог за законска измена, со која треба да се забрани имплантирањето на оплодена јајце клетка со цел носење на плодот од страна на друга жена.

Предлогот забранува бременост во корист на друга жена и на таков начин да се добие дете. Исто така, како криминал се смета и посредувањето во тој процес и се забранува дарување, продажба, чување, пренесување, увоз и извоз на репродуктивни клетки и ембриони.

Турскиот Казнен кодекс врз основа на Законот за дарување органи предвидува пресуда од две до пет години затвор за луѓе кои чуваат органи и ткива, добиени по нелегален пат или за тие кои ги пренесуваат или трансплантираат.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Курдите прогласија независност

Конечните резултати од референдумот се уште не се точно познати, но со оглед на тоа што низ градовите се слави.

Кокаин вреден 300.000 евра запленет на излез од Прешево

Дрогата била откриена синоќа во „мерцедес“ со бугарски регистарски таблички, кој од Белгија се движел кон Македонија.

Руски авиони нападнале позиции на Сириските демократски сили

Бунтовничката коалиција Сириски демократски сили соопшти дека биле нападнати од руски авиони и сириските владини сили во провинцијата Деир ез-Зур.

Анкара најавува низа мерки поради референдумот во Ирачки Курдистан

- Референдумот во Ирачки Курдистан е неприфатлив сепаратистички чекор во овој момент - посочи Ердоган.

Јункер: На ЕУ и е потребна силна Германија

- Со оглед на важните глобални предизвици, на Европа и е потребна силна германска Влада, повеќе од кога било досега - рече Јунер.

НАЈЧИТАНИ