• 23 ноември 2017
  • Вести денес: 119
МИА15:28 13 септември 2017 ● Прочитано 550

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Пол Погба ќе биде надвор од терените неколку недели, откако вчера се здоби со повреда на мускул на левата нога.

Французинот го напушти натпреварот со Базел на "Олд Трафорд" во 18. минута, но тоа не ги спречи „црвените ѓаволи“ да победат со 3:0.

По крајот на средбата Погба го напушти стадионот на патерици, а според Мурињо најскапиот негов фудбалер ќе биде надвор од теренот неколку недели.

- Не знам точно колку тешка е повредата. Од искуство знам дека таквите повреди значат отсуство неколку недели, но се уште не сум зборувал со медицинскиот тим. Сепак ние имаме широк состав. Нема да плачеме од повреди. Ако Пол не игра, ги имаме Херера, Керик, Фелаини и Матиќ, изјави Мурињо. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Македонија со свој претставник во АБА јуниор лигата

Двете првопласирани екипи од групите ќе играат на завршниот турнир во Лакташи.

Вагнер блиску до клупата на Борусија Дортмунд

Со Вагнер на менаџерската позиција, Хадерсфилд за прв пат избори пласман во Премиер лигата во Англија.

Ливерпул се насочува кон Дракслер

Премиерлигашот Ливерпул почна преговори со ПСЖ за ангажман на германскиот репрезентативец Јулијан Дракслер.

Пливачите на „Бета“ освоија медали на меѓународни натпревари

Пливачите од клубот Бета освоија медали на меѓународни натпревари во Трст, Италија и во Крагуевац, Србија.

Македонија напредуваше девет места на ФИФА рејтинг листата

На ноемвриското рангирање објавено денеска од Светската фудбалска федерација, „црвено-жолтите“ се најдоа на 76. место.

НАЈЧИТАНИ