• 23 ноември 2017
  • Вести денес: 120
Плусинфо16:12 13 септември 2017 ● Прочитано 2524

„Зелена лупа”, како иницијатор за поведување на постапки пред Советот за утврдување на фактите против судиите инволвирани во случаите „Таргет и Тврдина“, го поздравува отпочнувањето на постапката за утврдување на нивната одговорност и обидот за влез на членовите на Советот во зградата на „врвот на судската мафија”, се вели во денешната реакција на Здружението за истражување, анализи и развој. 

Тие сметаат дека кривичната постапка против претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски иницирана од Советот за утврдување на фактите е „уште еден удар врз судиите на НЕ-правдата инсталирани од претходната власт“.

„Зелена лупа”, јавно прашува: “Ако Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски постапувал согласно законите во случаите „Таргет и Тврдина“ , зошто ја активирал судската полиција за да не им се дозволи на членовите на Советот за утврдување на факти да влезат во зградата на Врховниот суд и извршат увид во предметите!? Од што се плаши Вангеловски?. Потсетуваме дека на 10 август, „Зелена лупа” по консултации со експертскиот тим , поднесе Кривични пријави и иницијативи за одговорност за судиите: Ленка Давитковска, Татјана Михајлова, Дијана Груевска, Лилјана Шопова, Сафет Кадриу, Цветанка Периќ, Јово Вангеловски, Фаик Арслани, Ристо Катавеновски и Џемаил Саити, сите инволвирани во случаите „Таргет и Тврдина“.„Зелена лупа”, членовите и експертскиот тим се горди што по легален пат први почнаа да го рушат судско-мафијашкиот систем кој им натежна на граѓаните на РМ“, се вели во реакцијата.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Прогласена епидемија на мали сипаници во Ниш

Општата здравствена состојба на заболените пациенти е добра, без компликации.

Борисов им бакна раце на четворица владици на МПЦ (ФОТО)

Заев и Борисов одржаа средба во четири очи во манастирот во Водоча.

МНР призна дека има забелешки од ЕК, ги решавало на дневна основа

Според МНР, Европската комисија преку македонската амбасада во Брисел од новата Влада побарала реализација на итните реформи од планот 3 – 6 – 9.

Нови гранични премини со Бугарија, прв Клепало-Сандански

За ова денеска разговарале министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија, Оливер Спасовски и Валентин Радев на средбата во Струмица.

СЈО настапи со 1.560 докази во „Труст“, меѓу нив и две необјавени „бомби“

Се очекува денешното рочиште, како што посочи и самата судијка да трае до крајот на работното време.

НАЈЧИТАНИ