• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83
Плусинфо15:18 29 октомври 2017 ● Прочитано 1491

Зошто добитничката на Нобелова награда ја дочекавме на нож, желни за нејзината крв, броејќи ѝ ги крвните зрнца и оспорувајќи ја како човек, писател, пцуејќи и татко и мајка? Како ние, преку ноќ, се претворивме во паланка која едвај дочека да фрли камен на неа, без да размислиме колку сме и самите грешни? Па нели токму за тоа писателката Херта Милер и зборуваше, дека ние самите сме најголемите виновници за сето она што ни се случи во периодот на транзицијата?

Можеби е тешко да се слушне вистината кога ќе ти ја соопшти „некој од страна“, та дури и во твојот град. Тоа, меѓутоа, покажа и дека ние не сме навистина подготвени ниту да ја слушнеме вистината, а уште помалку да се соочиме со неа. Да, навистина ниту овие две децении не беа доволни и самите, без една Херта Милер, да признаеме како се најдовме тука каде што сме денес - речиси на истото место како и на крајот на минатиот век.

Дали е можно дека нам ни е тешко да сфатиме дека политиката на Слободан Милошевиќ е причината за бомбардирањата? Знаеме ле денес да изговориме дека неговата воена политика доведе до крвавите конфликти, злосторства, до преместување на убиени луѓе во ладилници и закопување на нивните останки во Батајница? Дали сме свесни дека истиот тој човек, години пред санкциите и бомбардирањето, беше предупредуван и дека знаеше точно што ќе следи? Тоа не го спречи да уништува други народи, ама и сопствениот. Кога беа вршени злосторствата над други, народот што го „чуваше“ едвај преживуваше под санкции и бомби кои летаа како последна можна казна за политиката што ја водеше Милошевиќ, пишува Наташа Мичиќ во Данас.

Се разбира дека најмногу невини настрадаа во тој последен чин на владеењето на Слободан Милошевиќ. Пред нас тоа истото го правеше со други и трети и ќе продолжеше да го прави ако не се случеше 5 октомври. Зар тој факт не го совладавме и сфативме и самите? Или беше неопходно на тоа да не потсети Херта Милер, па сите гласно да се брецнеме на неа, докажувајќи со бурна реакција дека апсолутно ништо не сме разбрале сите овие години? Многу е тешко да се признае дека и ние сме одговорни за сите загубени животи што ги произведе тогашната политика. Се разбира дека се освестивме кога станавме жртви и самите. Но тоа освестување очигледно беше со краток здив.

Тука национализмот е коренот на секој наш проблем. Нерадо го препознаваме како причина за сопствената пропаст. Не е баш точно дека размислувањето на писателката е причина за сите наши проблеми. Таа одамна е слободна, бидејќи се соочила со сопствените духови од минатото. Ние сè уште сме нејзини затвореници, тие кои не прифаќаат дека многу од тоа лошото се правеше во наше име. Затоа што ако го сфатевме тоа, ќе ни беше барем малку срам додека ја слушаме вистината, а не гнев, та дури и ако тоа го кажа и една гостинка на Саемот на книгата оваа година.

Милошевиќ го започна својот национален воен циклус на Газиместан, кој заврши зад Хашките решетки каде почина. Денес, судејќи според реакциите кон Херта Милер, е пожив од било кога. Размислете, граѓани и граѓанки на Србија, дали сме се повеќе или се помалку по таа деструктивна политика? Поради која бевме казнувани и со санкции и со бомбардирање и дали сме свесни дека живееме во земја во која не ги знаеме нејзините граници? Тоа е наследството на националните политики што ги водевме, покрај невините жртви од туѓите и сопствени редови. А невините се исти, без оглед на националноста. Само нашите жртви повеќе не болат.

Токму заради тоа е тешко е да се соочиме со сопствената одговорност, бидејќи сите на Балканот ги доживеавме тие ужасни војни. Затоа е потребна Херта Милер, за да сфатиме барем дека не сме се поместиле многу во разбирањето на скорешното минато. Мора да зборуваме за тоа, бидејќи од напаѓањето на Херта Милер поделотворно е да се слушнеме едни со други и оние поради кои се чувствуваме лошо. Особено нив. А потоа можеме да одиме понатаму, ако воопшто имаме сила за тоа.

(Авторката е претседател на Политичкиот совет на ЛДП и член на Националното собрание на Република Србија.)

 

Подготви: А.Ј.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Политички земјотрес во Берлин, што сега?

Математички и политички се исцрпени сите опции освен евентуално малцинска влада на Ангела Меркел за која шансите се минимални.

Лондон е посакувано засолниште за прогонети, за крадци и авантуристи

Главниот град на Англија е посакуван за азил на луѓе со вишок пари кои се кријат од правосудството, а градот им ја пружа и посакуваната анонимност.

Мочуришниот хотел: Трамп Интернешенел, Авенија Пенсилванија 1100

Во историјата на овој град не е забележано претседател, со своето име напишано со огромни златни букви, да ја промовира сопствената компанија.

НАТО: Немаме таен план за Западен Балкан

Официјалниот претставник за Русија и Западен Балкан од одделението за јавна дипломатија во НАТО оцени дека регионот се движи во вистинска насока.

Трамп номинираше истребувач на духови за нов федерален судија

Блогерот Тали никогаш не бил судија, а Американската адвокатска комора тврди дека тој е неквалификуван за тоа место.

НАЈЧИТАНИ