• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
Плусинфо13:12 02 ноември 2017 ● Прочитано 9660

Во бриселските дипломатски кругови црниот хумор е омилена разонода за време на паузите на состаноците, а последната зајадлива забелешка што кружи на Шумановиот плоштад гласи: „Знаете кога Каталонија ќе влезе во ЕУ? Веднаш после Косово“. Во верзијата на американските дипломати и неколку земји-членки на ЕУ, кои и понатаму го слушаат повеќе Вашингтон отколку Брисел, несолената шега е проширена и на Србија поради нивното верување дека Белград нема да ги реши односите со Приштина за да влезе во ЕУ, пишува Жељко Пантелиќ за Недељник.

Шегата, колку и да е несолена, на страна, во европските метрополи преовладува зголемена загриженост дека раководството на Каталонија усвои стратегија: Што повеќе Мадрид е репресивен кон нас, толку ние ќе бидеме поблиску до остварување на нашиот сон“. Претседателот на Генералитетот Карлес Пучдемон и неговите министри и асистенти не се откажуваа од приказната дека независноста на Каталонија е резултат на „терапевтското самоопределување“, алудирајќи дека САД го оправдаа отцепувањето на Косово како „терапевтско отцепување“.

На површината испливаа многу капиларни контакти меѓу Пучдемон и косовските лидери. Покрај тоа, претседателот на Каталонија се сретнал со Иса Мустафа пред неколку месеци за да се запознае од прва рака со косовското искуство на отцепување. Во исто време, организациите блиски на Генералитетот, како АНЦ и Омниум, имале серија состаноци и работилници со луѓе кои ја правеле кампањата за отцепување на Косово.

Планот на каталонските сецесионисти во првата фаза била врз основа на насочени кампањи преку социјалните мрежи и кај понаклонетите медиуми во клучните земји членки на ЕУ и САД, да се презентира Каталонија како жртва на Шпанија, на самоволието и автократското однесување на империјалистички настроениот Мадрид. Вториот чекор предвидувал создавање на инцидентни ситуации во кои претставниците на централната власт би биле предизвикани да употребат сила и да обезбедат видео материјал како доказ за наративот на загрозеност и малтретирање на Каталонците. Третиот чекор е претставување на „терапевтското самоопределување“, како единствено решение за каталонското прашање.

Таа стратегија не ги даде посакуваните резултати, бидејќи и САД и ЕУ ја поддржаа Шпанија во блок. Особено затоа што протекоа информации дека во кампањата за независност на Каталонија се вклучиле истите хакерски група кои придонесоа Велика Британија да излезе од ЕУ и Доналд Трамп да победи на изборите во САД. Советниците на Доналд Трамп успеаја да го убедат својот шеф дека независноста на Каталонија е опасен преседан за интегритетот не само на Шпанија и на ЕУ, туку и на САД. Единствената земја која има корист од фрагментацијата на Европа е Русија, така што Вашингтон му стави до знаење на Пучдемон, како и на целата ЕУ, дека Каталонија ќе остане сама и изолирана ако тргне по патот на сецесија.

Од друга страна, на Европскиот совет во Брисел пред две недели, шпанскиот премиер Рахој доби одврзани раце за решавање на каталонската криза. Единствената црвена линија беше апсолутна забрана за употреба на сила.

Дека на Каталонија ѝ се заканува голема изолација се гледа од фактот дека повеќе од 1.200 фирми ја напуштиле покраината од 1 октомври, вклучувајќи ги речиси сите најпознати мултинационални компании. Дури и најпознатите каталонски брендови ги преместија своите седишта во други делови на Шпанија.

 

Подготви: А.Ј.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Интелектуалец во политиката

Визиите и идеите се убава работа, но треба да бидат осведочени со конкретни дела и начин на однесување.

Во пресрет на изборите во Унгарија: Орбан се расфрла со националистички пароли

Последниве недели во своите говори тој сè пожестоко ги повторува тезите кои многумина ги оценуваат како изразито националистички и расистички.

Њујорк тајмс во Косово: Десет мрачни години од прогласувањето на независност

- Ќе се разбудиш едно утро, ќе се погледнеш во огледало и ќе сфатиш дека плимата на историјата те прегазила - Ричард Холбрук му рече на Ивановиќ.

Тешки зборови во Минхен

На Минхенската конференција за безбедност според учесниците можеше да се види: времињата се несигурни како што одамна не биле.

Типичниот член на Конгресот на САД е 12 пати побогат од типичното американско домаќинство

Во 2015 година просекот на богатството во американскиот Конгрес бил најмалку 1,1 милион долари.

НАЈЧИТАНИ