• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
Плусинфо19:23 04 ноември 2017 ● Прочитано 5077

„Систина Офталмологија“ и оваа година го организираше регионалниот офталмолошки симпозиум „Новитети во офталмологијата“, акредитиран од Лекарската комора на Македонија. Симпозиумот се одржа денеска (04.11) во хотел „Мериот“.

Предавачи на овогодинешниот симпозиум беа проф. д-р Никица Габриќ, доц. д-р Ратимир Лазиќ, д-р Анте Баришиќ, д-р Маја Бохач од „Свјетлост“, Загреб и д-р Златко Арнаудовски, д-р Билјана Костовска, д-р Илир Османи, д-р Фанка Гилевска и д-р Викторија Филева од „Систина Офталмологија“.

Настанот беше посетен од околу 300 гости од Македонија, Хрватска, Србија и Косово. Освен офталмолози, присуствуваа и доктори по општа медицина, ендокринолози, и специјализанти од Медицински факултет.

На учесниците на II-отсимпозиумот „Новитети во офталмологијата“ им беа презентирани новите техники, од 2017 година, кои се применуваат во „Систина Офталмологија“ во третманот на катаракта, аблација на ретина, корекција на диоптрија, кератоконус и страбизам. Воедно, беше дискутирана и потребата од меѓусебна соработка на докторите од различни области, за да се овозможи интегрален пристап при решавање на очните состојби и целокупната грижа на здравјето на пациентите во Македонија.

 

„И оваа година, навистина сме задоволни од посетеноста на симпозиумот на кој имаме околу 300 гости од регионот и Македонија, меѓу кои, освен офталмолози, има и општи доктори, ендокринолози и специјализанти. Навистина е голема потребата од вистинска соработка меѓу докторите од различни специјалности, без разлика дали се од државното или приватното здравство, за рано откривање и навремен третман на одредени заболувања, кои директно или индиректно штетат на очите. „Систина Офталмологија“ продолжува со проширување на своите капацитети со отворање на нов центар во Битола, со што се приближува до граѓаните на Битола, Ресен, Прилеп, и околните градови, a ќе продолжи и во други градови во Македонија и во регионот. Достапноста до нашите услуги ја олеснивме и со заедничкиот проект со осигурителните компании „Еуролинк“ и „Триглав“, со што обезбедивме интергрирање на офталмологијата во приватното здравствено осигурување. “- изјава на д-р Златко Арнаудовски
„Систина Офталмологија“ во Македонија постои од 2010-та година, и е првата очна болница која дијагностички и хирушки ги третира сите проблеми со видот и очите, со примена на индивидуален пристап. Во 2015-та година, преку партнерството со најголемата универзитетска клиника „Свјетлост“, Загреб, технолошки го надгради и зголеми обемот на своето работење преку отворање на Одделот за рефрактивна хирургија со што овозможи решавање на сите проблеми со видот и кај оние пациенти кои сакаат повисок стандард, квалитет и комфорт во своите животни навики. „Систина Офталмологија“ доследна на својата општествена одговорност, инвестира во едукација на амбициозни доктори со тоа што им овозможува специјализација во европските очни центри, кои своето знаење, понатаму ќе го пренесат во нашата земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Не го чувајте чоколадото во фрижидер

Идеална температура за чоколадото се смета онаа меѓу 15 и 20 степени Целзиусови.

Чудесниот целер го спасува срцето

Овој плод содржи изобилство од хранливи материи, а е особено добар за здравјето на крвните садови.

Белите дробови на децата најпогодени од загадениот воздух

На Институтот Козле, на пример годишно се третираат 39.000 деца, од кои 35.000 се лекуваат амбулантски додека дури 4.000 се хоспитализираат.

Аутизмот секогаш го следат и други болести

Обично се јавуваат проблеми со имунитетот, спиењето, варењето, а доаѓа и до развој на генетски и психијатриски болести.

Кои се најлошите намирници за мозокот?

Дознајте кои намирници треба да ги избегнувате, доколку сакате да го зачувате здравјето на мозокот.

НАЈЧИТАНИ