• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83
Плусинфо22:14 05 ноември 2017 ● Прочитано 1105

Русија без фанфари ја одбележува годишнината од Октомвриската револуција, големиот политички потрес на 20-от век, бидејќи Кремљ се плаши најмногу од сѐ од создавање на позитивна слика во јавноста дека режимот може да се промени по насилен пат.

Револуцијата „секогаш носи крв, смрт, разорување и катастрофи“, а Русите знаат колку вреди стабилноста, рече официјален претставник задолжен за организирање на прославата на големиот јубилеј Сергеј Наришкин, директор на контраразузнавачката служба СВР и претседател на Руската асоцијација за историја.

Русија во 1917 година, за време на Првата светска војна беше на страната на Антантата и минуваше низ низа револуционерни епизоди кои прво во март го урнаа последниот цар Николај II, а седум месеци подоцна ги доведоа на власт болшевиците предводени од Ленин, кои во 1922 на урнатините на Руското царство го основаа Советскиот Сојуз.

Сто години подоцна, наследството од Октомвриската револуција не е лесно за држава која сѐ уште не расчистила со својата историја и која е сѐ уште многу обележана со последиците на 70-годишниот советски режим.

Русија денес е поделена

Во Русија денес има многу противречности: царот Николај Втори, кој беше убиен од болшевиците заедно со неговото семејство, е канонизиран во 2000-та од моќната православна црква, а Ленин, безмилосниот прогонител на таа Црква, и понатаму почива во својот мавзолеј на Црвениот плоштад во Москва.

Додека годишниците на Октомвриската револуција за време на советската ера се славеа со голема помпа, со голема воена парада на Црвениот плоштад на 7 ноември (25 октомври според Јулијанскиот календар, кој беше на сила во 1917), денес програмата за стогодишнината е многу скромна и се состои од изложби и стручни конференции.

Ретките собири наменети за широката јавност за власта ќе бидат добра пригода да стават акцент на важноста на националното единство и помирување, избегнувајќи ги чувствителните прашања.

Комитетот одговорен за организирање на прославата ја отсликува претпазливоста на рускиот претседател Владимир Путин во врска со настанот. Во негов состав се независни експерти и критичари на владата, министри и претставниците на Православната Црква, но во него нема некој актуелен член на Комунистичката партија, ниту претставници на монархистичката струја.

Се предвидуваат неколку стотици собири, конференции, тркалезни маси, изложби и фестивали на кои ќе се зборува за „контрадикторните“ настани во 1917, истакна копретседавачот на Комитетот, историчарот Анатолиј Торкунов.

Сергеј Наришкин ги одредил во 2016 главните црти по повод одбележувањето на големата годишнина сметајќи дека таа „не е повод за организација на свечени настани или прослави“ туку дека од неа треба да се „извлечат поуки“.

Секој отпор кон власта не е пожелен

Овие „поуки“ за Кремљ се јасни: треба да се заштити од каква било помисла оспорување на власта на улица, особено неколку месеци пред претседателските избори во 2018 на кои Путин, без сомнение, ќе го побара четвртиот мандат.

Од доаѓањето на власт, Путин се обидува да ги помири општеството и националната меморија со цел да ја консолидира својата власт. За него не постои прашање да се избира помеѓу царска Русија, која ја фали поради нејзината стабилност и традиционалните вредности, и советската Русија, чиј чист производ е тој самиот.

„Највисоката државна власт повеќепати зборувала за потребата за помирување на „црвените“ (комунисти) и „белите“ (монархисти). А за тоа треба да се решат болните прашања. Но, мора да се констатира дека тоа помирување не се случило досега“, вели историчарот Владислав Аксионов.

Кога во 2000 година беше избран за претседател, Путин истакна дека за прв пат дошло до промена на чело на руската држава „без државен удар, пуч или револуција“.

Ова мото е уште присутно во надворешната политика на Кремљ, од отфрлање на „обоените револуции“ во Грузија и Украина до неговата недоверба кон Арапската пролет и безрезервната поддршка на „легитимните власти“ во Дамаск.

Стравот на власта од избивање на револуција во Русија се одразува во се посилната контрола на политичкото делување и протестите на опозицијата, забранети во повеќето случаи, а кои најчесто завршуваат со стотици уапсени.

Властите веднаш жестоко го критикуваат и најмалиот обид за оспорување на нејзините одлуки, сметајќи дека сите социјални или политички протести се дело на „антипатриотски“ сили повеќе или помалку поврзани со странство.

Повеќе од 70 отсто од Русите денес сметаат дека е невозможно да се одржи протестен собир во нивниот град со политички конотации. И дури и ако се одржи, повеќе од 80 отсто велат дека нема да учествуваат, според неодамнешното истражување на центарот Левада.

 

Подготви: А.Ј.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Политички земјотрес во Берлин, што сега?

Математички и политички се исцрпени сите опции освен евентуално малцинска влада на Ангела Меркел за која шансите се минимални.

Лондон е посакувано засолниште за прогонети, за крадци и авантуристи

Главниот град на Англија е посакуван за азил на луѓе со вишок пари кои се кријат од правосудството, а градот им ја пружа и посакуваната анонимност.

Мочуришниот хотел: Трамп Интернешенел, Авенија Пенсилванија 1100

Во историјата на овој град не е забележано претседател, со своето име напишано со огромни златни букви, да ја промовира сопствената компанија.

НАТО: Немаме таен план за Западен Балкан

Официјалниот претставник за Русија и Западен Балкан од одделението за јавна дипломатија во НАТО оцени дека регионот се движи во вистинска насока.

Трамп номинираше истребувач на духови за нов федерален судија

Блогерот Тали никогаш не бил судија, а Американската адвокатска комора тврди дека тој е неквалификуван за тоа место.

НАЈЧИТАНИ