• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83
МИА17:32 07 ноември 2017 ● Прочитано 551

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ двапати во една година објавува милиони документи добиени од непознат извор. Панамските документи предизвикаа потреси во меѓународната политика и економија, додека се уште е рано да се предвидат ефектите од објавувањето на Рајските документите, иако надлежните институции почнаа прелиминарни истраги.

И на Панамските и на Рајските документи работеа водечките светски медиуми под кординација на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новивари (ИЦИЈ).

„Зидојче цајтунг“ документите ги подели со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новивари (ИЦИЈ), кој минатите месеци ја координираше заедничката работа на 96 светски медиуми (Њујорк тајмс, Гардијан, Би-Би-Си, Монд и други) и на 381 новинар на истражување на Рајските документи.

Од 13,4 милиони Рајски документи 6,8 милиони се однесуваат на работата на адвокатската фирма „Еплби“, која пружа корпоративни услуги и има филијали на Бермудски, Кајмански и Британски Девствени Острови, како и на островите Ман, Џерси и Гернзи.

„Еплби“ е водечка фирма во оф-шор работењето. Фирмата тврди дека се занимава исклучиво со легални активности и оти нејзините услуги се во согласност со меѓународното право.

Милионите документи се однесуваат на оф-шор работењето во периодот од 1950 до 2016 година и ги разоткриваат светските текови на парите, што до сега не биле познати на пошироката јавност.

Германскиот весник одбива да коментира за Рајските документи и кој би можел да биде изворот, но документите се верифицирани како автентични.

„Еплби“ тврди дека е жртва на хакерски напад извршен минатата година.

Џулијан Асанж во интервју за „Ал Џезира“ изјави дека изворот кој ги доставил документите до медиумите, сигурно е лице со техничко или информатичко образвонаие, најверојатно инсајдер или хакер од надвор.

Сето тоа покажува дека досегашните тајни текови на светските пари, како и шпионските и воените акции на светските влади се изложени на ризик од разоткривање, бидејќи повеќе не можат да функционираат надвор од дигиталниот контекст, за функционирање внатре потребни се стотици илјади информатичари, меѓу кои и тие кои сакаат да поделат информации со јавноста.

Панамските документи протекоа преку анонимен извор од панамската канцеларија „Мосак Фонсека“ и открија перење на пари, избегнување на меѓународни санкции, измами и друго.

На новинарите им беа доставени 11,5 милиони документи, а анонимниот извор изјави дека ги објавил документите поради растечката нееднаквост на приходите во светот.

Новинари од 80 држави и 107 медиумски организации под кориднација на ИЦИЈ една година ги истражуваа и проверуваа добиените документи, чие објавување почна во 2016 година.

Објавувањето на Панамските документи е иновација во новинарството, а тоа уништи неколку кариери на светски политичари, меѓу кои и оставките од премиерите на Исланд и на Пакистан, Сигмундур Гунлаугсон и Наваз Шариф.

Рајски документи откриваат:

- оф-шор активности на 120 политичари и светки лидери, меѓу кои и британската кралица и 13 блиски соработници и донатори на претседателот на САД;

- затајување на данок од над сто мултинационални компании меѓу кои Најк, Епл и производителот на ботокс Алерган;

- се открива купување на корпорациите во Африка и во Азија преку Маурициус и Сингапур со даночни олеснувања;

- детали за тоа како сопствениците на авиони и јахти, меѓу кои и припадници на светското благородништво и спортски ѕвезди го користат островот Ман за да избегнат данок на луксуз и движен имот;

- тајното работење и скриени компании поврзани со корпорацијата Гленкор.

Се поставува прашањето дали Рајските документи откриваат кршење на законот. И „Зидојче цајтунг“ наведува дека имињата споменати во Рајските документи не подразбира дека тие автоматски ги прекршиле законите и треба да понесат правна или морална одговорност.

Рајски документи откриваат комплексни шеми на чиј опстанок во рамките на законитоста мора да работат правни и економски експерти. Рајските документи сигурно ќе предизвикаат дебата меѓу политичарите за затворање на дупките во законите за даноци, како и тоа дали тоа што е легално, воедно е и фер и дали треба да остане легално. Веќе почнаа прелиминарни истраги на надлежните институции.

Прашањето кое се поставува е дали објавувањето на Рајските документи ќе има политички последици по примерот на Панамските документи.

Даночната управа на Австралија најави дека покренува истрага поради Рајски документи, а германската Влада соопшти дека ќе се обиде да се договори со вклучените медиуми да ги добие сите документи за да покрене истрага.

Германскиот министер за правда Хајко Мас најави затворање на сите можни дупки во законите за даноци и оти Берлин ќе се залага за тоа да се постигне договор и на ниво на Европска унија.

Европска комисија најави брза акција против затајувањето данок, составување на црна листа на даночните оази, со цел да им биде отежнато работењето со земјите членки на ЕУ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Политички земјотрес во Берлин, што сега?

Математички и политички се исцрпени сите опции освен евентуално малцинска влада на Ангела Меркел за која шансите се минимални.

Лондон е посакувано засолниште за прогонети, за крадци и авантуристи

Главниот град на Англија е посакуван за азил на луѓе со вишок пари кои се кријат од правосудството, а градот им ја пружа и посакуваната анонимност.

Мочуришниот хотел: Трамп Интернешенел, Авенија Пенсилванија 1100

Во историјата на овој град не е забележано претседател, со своето име напишано со огромни златни букви, да ја промовира сопствената компанија.

НАТО: Немаме таен план за Западен Балкан

Официјалниот претставник за Русија и Западен Балкан од одделението за јавна дипломатија во НАТО оцени дека регионот се движи во вистинска насока.

Трамп номинираше истребувач на духови за нов федерален судија

Блогерот Тали никогаш не бил судија, а Американската адвокатска комора тврди дека тој е неквалификуван за тоа место.

НАЈЧИТАНИ