• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83
Плусинфо17:31 08 ноември 2017 ● Прочитано 1278

Советската историографија имаше став дека теоретската основа на руската револуција била научниот социјализам, односно марксизмот.

Едно, значи, западноевропско учење кое стана универзално. Меѓутоа, имаше руски мислители, особено толкувачи на руската револуција во светот, кои сметаа дека нејзините „корени се руски“, и ги наоѓаа во руската историја, односно во руското револуционерно наследство од втората половина на 19 век, пишува професорката Латинка Перовиќ во трудот за зборникот Србија и Руската револуција од 1917, што го пренесува Данас.

Српската историографија не ги следеше резултатите до кои, особено на емпириско ниво, дојде советската историографијата во изучувањето на руското револуционерно наследство. Како ниту резултатите на историографијата во светот, особено по ХХ конгрес на КПСС (1956), кога се бараше историско и теоретско објаснување на култот на личноста и теророт во Советскиот Сојуз. Дали се работеше за аберација, предавство на револуцијата, отстапување од ленинизмот или и култот на личноста и теророт беа во логиката на болшевичката доктрина на револуцијата?

Реконструкција
та на историјата на идеите на социјализмот во Русија тргнуваше од првите критики на самодржавното владеење и крепосното право (А.Н. Радишчев 1789) и првиот вооружен бунт (востание на декабристите во 1825) против тие карактеристики на Русија, до генерацијата на благородничката интелигенција во четириесеттите години водени од А. И. Херцен.

Во поделбата на руската
интелигенција на „словеновофили“ и „западњаци“, Херцен припаѓал на втората група. Но, во социјализмот, поточно во руската „општина“ во која е зачувана заедничката сопственост, ја наоѓал основата за помирување со словенофилите. Тој бил подготвен да направи компромис и со царот околу решавањето на прашањето на селото. Неговиот приоритет биле политичките слободи. Поради нив отишол во Европа (1847) и покрај сѐ, поради тоа што борбите во неа се „гласни“, останал до својата смрт (1870).

Во емиграција, Херцен го основал Слободниот руски печат. Преку
весникот „Колакол (Ѕвоно), кој бил забранет во Русија, тој ги охрабрувал младите да се борат против системот без политички слободи. Разочаран во Европа, бидејќи револуцијата во 1848 година не ги решила општествените прашања, Херцен сметал дека Европа ја завршила својата историска улога и дека таа веќе гние. Тој го вперил погледот кон исток, кон младите народи, пролетерските народи. Ним им припаѓа иднината.

Оддавајќи признание на Херцен и неговата генерација, „генерацијата на татковците“, која ги расчисти патиштата, новата генерација, „генерацијата на децата“ била порадикална. Нејзиниот идеолог бил Н. Г. Чернишевски, а гласилото „Современик“. Таа му порачувла на Херцен дека „Колокол не треба да повикува на молитва туку на секира: „На секира повикајте ја Русија“.

Херцен одговарал дека „генерацијата на татковците и генерацијата на децата“ се разликуваат „не во идеите“, туку во средствата; не во „принципите“ туку во начинот на делување ... на секира, тоа „ultima ratio“ на угнетените, ние нема да повикуваме „до тогаш, додека остане барем една разумна надеж за наоѓање решение без секира“.

Меѓу современици
те во Србија, Херцен бил поблиску до Владимир Јовановиќ, основачот на либерализмот, отколку до Светозар Марковиќ, основачот на социјализмот. Инаку, бил попознат како писател. Неговото славно дело Минато и размислување“ е единствено кое било преведено на српски и хрватски јазик, и тоа дури по Втората светска војна.

За разлика од
генерацијата на татковците, припадници на благородништвото (интелигенција која се кае), припадниците на „генерацијата на децата“ потекнуваа од различни општествени слоеви („разночинска интелигенција). Под влијанието на поразот на Русија во Кримската војна (1856) и царската власт која била принудена да направи отстапки за селанското прашање (Таен комитет 1857; Уредба за селаните кои се ослободени од крепосната  зависност, од 19 Февруари 1861), генерацијата на децата“ не се задоволувала со делумни решенија и постепеност.

Дошло до промена во приоритетите: на дневен ред не е прашањето на слободата, туку прашањето на лебот. Почетокот на мисијата на Чернишевски била следена од политичката организација на тајните револуционерни општества во Русија (Земја и волја). Во преводот „Огледи од политичката економија, Чернишевски формулира можност дека сите општества не мора во својот развој да ги поминат сите фази што ги поминале земјите од Западна Европа. Клучното прашање е сопственоста. Чернишевски не го отфрла капитализмот априори, но предупредува дека тој е, бидејќи трудот е стока - ново ропство. Не ја апсолутизира руската општина, но смета дека таа може да послужи како преодна форма во социјализмот.

Чернишевски ја формулира теоријата на револуцијата во Русија и за Русија. Во сите периоди на руското револуционерно наследство, мислата за прескокнување фази во развојот на општеството по пат на револуции ќе остане клучна. Преку неа е поставено и прашањето: Русија и Европа. Одговорот што бил даван во Русија имал голем оддек и во Србија.

Марк
с, според Светозар Марковиќ, ги проучувал законите на капиталистичкото општество во Западна Европа, и во тие закони ги наоѓал лостовите на неговата преобразба. Чернишевски, во заостанатата селска Русија барал соодветни лостови на трансформација и ги наоѓал во револуционерното малцинство кое се потпирало на принципите на руските патријархални институции: „мир и општина. Врз основа на заедницата на  трудот и распределбата морало да се воспостави систем на народна самоуправа. За Марковиќ, како и за руските мислители од втората половина на 19 век, бил неприфатлив капитализмот кој водел до „пролетаризација на народот. Но, ако и италијанскиот марксист Антонио Грамши тврдел дека руската револуција во 1917 година е изведена против капиталот, се поставува прашањето кои биле марксистите во Русија и Србија, освен социјалдемократите? Со други зборови, како било можно да се „марксизира“ руската револуција во 1917 година?

Нај
добрите односи српските социјалисти ги одржувале со П.Л. Лавров идеологот на руските народњаци и инспиратор на движењето на руската младина (1874-1875) познато како одење меѓу народот. Тогаш, илјадници млади луѓе, претежно од благородничко потекло, тргнале во „народот“ да вршат мирна пропаганда на социјализмот“. Наишле на силен отпор на власта: политички процеси и прогони. Но, исто така, и на неразбирање кај народот: селаните социјалистите - пропагандисти ги пријавувале на властите. Разочарани, некои се повлекле од борбата. Тие кои не се помириле со поразот, ги радикализирале средствата за борба. Таа поделба имала оддек во Србија и се рефлектирала во различни тенденции во движењето на Светозар Марковиќ по неговата смрт (радикали и социјални револуционери).

Теоретскиот одговор на поразот на мирна
та пропаганда на социјализмот меѓу народот е заокружена во рускиот бланкизам и јакобинизам. Неговиот идеолог бил Н. П. Ткачов, а нивното гласилото било списанието „Набат, кој излегувал во Париз. За разлика од другите руски мислители, Ткачов најголемото внимание го посветил на улогата на револуционерите по уништувањето на апсолутизмот, т.е. во фазата на создавање на новиот општествен поредок. Затоа што политичката револуција е само средство - целта е социјална револуција, која настанува по освојувањето на власта на  цврсто организираното револуционерно малцинство. Тоа малцинство го формулира и наметнува новиот поредок на заостанатиот народ. Ткачов, без било какво политичко тактизирање, ги извел функциите и карактерот на револуционерната држава во „преодниот период“.

* * *
Реакција
та на поразот на мирната пропаганда на социјализмот од гледна точка на политичката акција завршила со создавање на првата терористичка организација во Русија – „Народна волја (1881 година). Оваа организација го извршила убиството на царот Александар II. Во Србија на неа се базирала социјално револуционерната тенденција, во движењето на  Светозар Марковиќ. Во српската историографија тоа е забележано дури кон крајот на 20 век.

Овој
осврт на руското револуционерно наследство од втората половина на 19 век, и неговото влијание во Србија, е врз основа на заклучоците кои произлегуваат од повеќегодишното истражување во советската, односно руска историографија дека револуцијата во Русија во октомври 1917 година не може да се разбере само како настан во историјата. Таа е целосна само ако се земат предвид идеите на револуцијата кои, преку неколку генерации на руската револуционерна интелигенција, се обликувале во учењето чиј резултат е моделот на револуција во 20 век - насекаде, па и во Србија, односно Југославија. Револуционерните односи меѓу Русија и Србија во втората половина на 19 век не може да се посматраат одделно од државните, воените, верските и културни врски.

Решенијата често се покомпатибилни отколку што може да се претпостави без истражување. Револуционерите не можеле да ја прескокнат сенкaта: во новиот поредок кој го создавале се огледаат менталитетот и системот на вредностите кои се создавани со векови.

Тоа најдобро се гледа во цикличното повторување на некои прашања, како што е, на пример, прашањето Русија и Европа. Односно, Србија помеѓу Русија и Европа.

Институт славановедениа руссипскои Академик наук

 (Извадок од статија објавена во Зборникот на трудови, Србија и Руската револуција од 1917)

 

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Политички земјотрес во Берлин, што сега?

Математички и политички се исцрпени сите опции освен евентуално малцинска влада на Ангела Меркел за која шансите се минимални.

Лондон е посакувано засолниште за прогонети, за крадци и авантуристи

Главниот град на Англија е посакуван за азил на луѓе со вишок пари кои се кријат од правосудството, а градот им ја пружа и посакуваната анонимност.

Мочуришниот хотел: Трамп Интернешенел, Авенија Пенсилванија 1100

Во историјата на овој град не е забележано претседател, со своето име напишано со огромни златни букви, да ја промовира сопствената компанија.

НАТО: Немаме таен план за Западен Балкан

Официјалниот претставник за Русија и Западен Балкан од одделението за јавна дипломатија во НАТО оцени дека регионот се движи во вистинска насока.

Трамп номинираше истребувач на духови за нов федерален судија

Блогерот Тали никогаш не бил судија, а Американската адвокатска комора тврди дека тој е неквалификуван за тоа место.

НАЈЧИТАНИ