• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
Плусинфо11:51 09 ноември 2017 ● Прочитано 13039

Се сеќавате на Големиот хадронски колајдер на ЦЕРН? Тоа беше, не толку одамна, одлична медиумска приказна.

Се пишуваше и снимаше за тоа колку чини сударачот (многу), колку најголеми умови на светот учествуваат во истражувањата кои се вршат во него (многу). И многу се очекуваше. Се бараше таканаречената Божја честичка, позната и како Хигсовиот бозон, пишува Андреј Николаидис за Алџезира.

Јас сум слаб во областа на науката. Сето тоа убаво да ми го нацрташ и во тек на предавања од три часа мене, како на дете од осум години, убаво да му ја објасниш неговата големина и значење, јас ,меѓу образложеното откритие вредно за Нобелова награда за физика и фрижидерот, би го одбрал второто: не ми е јасно како работи ниту едното ниту другото, но ова другото ми треба. Меа culpa, mea maxima culpa од сè што има врска со експерименти во Големиот хадронски колајдер, на мене, најголем впечаток ми остави песна на Ник Кејв „ Higgs Boson Blues“.

Порталите сега известуваат дека најновите истражувања на научниците од ЦЕРН покажаа дека „универзумот не треба да постои“.

Јас, знам. Истото може да се каже и за Република Српска, СИДА, Дејвид Гета, англиската кујна, еден човек по име Пауло Коелјо, глутен ... Но ете, сепак постојат. И постојат не помалку од работите кои постојат од најдобрата причина. Исто како што тоа што морало да го биде поради тоа „морало“ не е дури ни за бозон повеќе отколку што не е.

Навикнување на сè

Кога веќе е така, жив човек се навикнува на сè. Еднаш во Лондон, мојата драга пријателка и мојот британски издавач Сузи Кертис ме однесе на fish and chips. И тоа вистински: значи оној со оцет и завиткан во весник. Ако не сте пробале смрдлива риба пржена во ужегнато масло и помфрит прелиен со оцет, дозволете ми тој вкус да се обидам да го опишам со следнава анегдота. Кој вели дека некој црногорски војвода поради дипломатска работа се нашол во Стамбол. Домаќините му принеле турско кафе пред него. Која војвода никогаш порано не ја пробал. Па, тоа е врело кафе, како што би рекле денес, го испил на екс, така како што лозата се пиела во Црна Гора. Домаќините го прашуваат војводата дали сака уште. А овој, со изгорен јазик, им вели: не постои Црногорец кој би испил две.

Епа, јас изедов два фиш енд чипс. Шо да праам: бев гладен, Сузи праша сакаш упте еден, и така ...

Сузи им кажа на англискитте пријатели дека има луѓе кои ја ценат англиската кујна - нејзиниот пријател Николаидис од Црна Гора спука две порции риба и чипс. За еден од Англичаните да рече: „Тогаш би требало да му дадеме државјанство“.

Денес читам за уште едно нешто што го има, а не би требало да го има. Програмер од Силиконската долина по име Ентони Левандовски основал нова религија. Новата компјутерска вера се нарекува „ Way of the Future“. Што звучи како сешто – на пример нова научно-фантастична серија на Нетфликс или рекламен слоган за линија на органска козметика за роботи – секако, само не како религија.

Но, навистина е вера. Следбениците на „Way of the Future“ веруваат и ја обожаваат вештачката интелигенција. Тие истакнуваат дека нивната цел е „да придонесат за благосостојбата на општеството“. Тие се подготвуваат за денот кога компјутерите ќе станат семоќни - и тој ден, веруваат, не е далеку.

Како што дознавам од статијата за „Way of the Future“ објавена од „Фајненшл тајмс“, Левандовски и следбениците во нивното верувања не се осамени. Многумина во Силиконската долина се подготвуваат за моментот на Сингуларноста: моментот кога компјутерот ќе ја надмине човечката интелигенција. Некои од нив се нарекуваат сингуларисти. Тие, сингуларистите, веруваат дека нивните умови ќе се спојат во еден момент со умот на компјутерот и дека тоа ќе им овозможи вечен живот.

Инвестирање во бесмртност

Бројни милијардери кои живеат во областа на Сан Франциско, пишува Фајненшал тајмс, инвестираат богатства во научни истражувања од кои очекуваат да им донесат бесмртност.

Како што забележува новинарката на „Фајненшл тајмс“, Лесли Хук, Силиконската долина се гледа себеси како многу, многу секуларно место. Како „место каде науката и технологијата се гледаат како решение за глобалните проблеми“. А каде ќе најдеш поголем проблем од фактот дека ние, сите, дури и најбогатите меѓу нас, простете, ама ќе пцовисаат.

Сега: дека сум циник, циник сум. Дека сум склон кон сарказам, исто колку и кон баклава: сум. Сепак, без трошка на цинизам и сарказам: не успевам да разберам каква е таа идеја дека јас, ако од другите човечки суштества грабнам доволно милијарди и ако се прикачам на компјутер ќе станан бесмртен (ако претпоставиме дека бесмртноста ја сакам: а не ја сакам, Commodore 64 ми е сведок) е порационална и научно и технолошки повтемелена од идејата дека, ако бидам честито и внимателно човечко суштество, ќе одам во рајот и таму ќе останам за засекогаш?

Се разбира, разбирам дека оние кои имаат стотици милијарди долари, оние кои се над човечките закони, над човечките морални стандарди, над човечките стравови и проблеми, им е тешко да прифатат дека ќе умрат, исто како и последниот сиромашен од Високо, Делхи или Могадишу.

Но исто така го разбирам тоа што е очигледно, што не го разбираат оние кои веруваат дека верувањето во монотеистички бог е назадно, а верувањето во компјутер напредно. Ќе го кажам тоа со речникот на Силиконската долина: Бог е суперкомпјутер на сиромашните. Или со зборовите од Новиот завет: „Полесно е камилата да мине низ иглените уши отколку богатиот да влезе во Божјото царство“.

 

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Интелектуалец во политиката

Визиите и идеите се убава работа, но треба да бидат осведочени со конкретни дела и начин на однесување.

Во пресрет на изборите во Унгарија: Орбан се расфрла со националистички пароли

Последниве недели во своите говори тој сè пожестоко ги повторува тезите кои многумина ги оценуваат како изразито националистички и расистички.

Њујорк тајмс во Косово: Десет мрачни години од прогласувањето на независност

- Ќе се разбудиш едно утро, ќе се погледнеш во огледало и ќе сфатиш дека плимата на историјата те прегазила - Ричард Холбрук му рече на Ивановиќ.

Тешки зборови во Минхен

На Минхенската конференција за безбедност според учесниците можеше да се види: времињата се несигурни како што одамна не биле.

Типичниот член на Конгресот на САД е 12 пати побогат од типичното американско домаќинство

Во 2015 година просекот на богатството во американскиот Конгрес бил најмалку 1,1 милион долари.

НАЈЧИТАНИ