• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо20:03 10 ноември 2017 ● Прочитано 13750

Кога станува збор за надворешната политика, Американците сакаат „добар“ лидер во Белата куќа. Тоа значат две работи, пишува Џозеф Нај во својата нова книга за претседателското раководење. Гласачите сакаат лидери кои се вешти во чувањето на националните интереси, но Американците, можеби повеќе од граѓаните на повеќето земји, исто така сакаат претседателите да бидат морално цврст и да ја одржува својата земја како сјаен град на ридот, пишува Економист.

За жал, како што светот може да види во агонизираниот, претпазлив одговор на Барак Обама за ужасите што се случуваат во Сирија, двата аспекта на добрината во надворешната политика - ефективноста и етичноста - не се зајакнуваат секогаш добро меѓусебно. Доброто водство во Белата куќа бара прагматизам и болни компромиси, укажува писателот во оваа кратка и навремена книга. Тој додава дека е глупаво да се претпостави дека „трансформативните“ претседатели - тие што сакаат да го преобратат светот - се некако морално супериорни во однос на „трансакционите“ или лидерите што одат „чекор-по-чекор“, кои се обидуваат само да управуваат со глобалните настани најдобро што можат.

Г-дин Нај, уважен политички научник од Харвард, има две цели. Прво, тој сака да се надмине конвенционалното во надворешните политики на современите американски претседатели. Тој ги доведува во прашање пофалбите кои традиционално ги собираа тие кои се зафатија со преструктуирање на глобалниот поредок, водени од чувството на судбината и „моралната јасност“. Наместо нив, тој претпочита претпазливи менаџери, како што се Двајт Ајзенхауер и Џорџ Буш постариот. Второ, тој сака да создаде смисла за тоа што тој го нарекува „либерален реализам“. Ова е нешто како доктрината за надворешната политика на Голдилокс, која ги спојува праведната количина на претпазливост со разумната доза на интервенционизам, било да е тоа воена моќ или мека сила.

Во книгата се наоѓаат некои добро поставени ревизионистички поенти. Ајзенхауер се спомнува поради големите пофалби. Воен херој кој ги отфрли барањата да се приклучи на копнената војна во Виетнам, и покажа „голема претпазливост" кога советските тенкови влегоа во Унгарија, и се спротивстави на повиците за употреба на нуклеарно оружје против комунистичките непријатели во Азија, велејќи им на помошниците: „Момци мора да сте луди".

Буш постариот, беше пофален заради успешното менаџирање iи покрај силниот проток во глобалните кризи за време на неговиот прв мандат, вклучувајќи го и падот на Берлинскиот ѕид, ирачката инвазија врз Кувајт, казнувањето на демонстрантите на плоштадот Тјенанмен и граѓанската војна во Југославија. Г-дин Нај го брани од критиките за начинот на кој ги зацврсти врските со Кина по Тјенанмен и го напушти Садам Хусеин по војната во Заливот. Постариот Буш, можеби не ја заокружи својата политика морално, но во постигнувањето на долгорочната стабилност дејствуваше етички, инсистира научникот.

Нај го поттикнува Обама да ги прифати лекциите од историјата и даразмисли за својата доктрина за либерален реализам. Исто така тој повикува и на Хипократовата заклетва за државниците: „пред сѐ, не прави штета“. Сепак, неговата пофалба за Буш постариот дека е „етички реалист“, не е кажана без пристрасност. Се претпоставува дека ништо корисно не можело да се постигне со обидот да се заштитат Курдите од Садам и дека немало смисла конфронтирањето со кинеските владетели поради нивната крвава репресија.

Сам по себе, „реализмот“ може да биде дволичен термин: да се оди на рака на домашната загриженост (која е уморна од војните), преоблечена како ригорозна процена на она што е можно. За земја како Америка, „либералниот“ дел - што ја застапува идејата дека големите сили имаат интерес да го бранат светскиот поредок врз основа на универзалните вредности, исто така е важен. Нај сугерира дека ефективноста носи сопствени морални награди, бидејќи промисленоста води до стабилност.

Тоа е точно, но не секогаш. Дилемата околу Сирија се врти токму околу тоа дали надворешната интервенција ќе ги влоши работите или дали стабилноста бара акција преземена порано отколку подоцна. Во такви моменти, светот го врти погледот кон Америка и бара да води, и затоа е толку тешко за еден американски претседател да биде добар, и во двата смисла на зборот.

(Џозеф Нај е автор на книгата Presidential Leadership and the Creation of the American Era, во издание на Princeton University Press.)

 

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Над 677 илјади корисници на Твитер во САД следеле лажни руски сметки (ГАЛЕРИЈА)

Гигантот на социјалните медиуми откри дека ИРА преку своите 3.814 сметки објавила „175.993 твитови, од кои приближно 8.4% се поврзани со изборите“.

Путин ги споредува Ленин и комунизмот со христијанството

Рускиот претседател Владимир Путин го спореди Владимир Ленин со светец и изјави дека советските комунистички идеи доаѓаат од Библијата.

ПРОФИЛ Оливер Ивановиќ: Тврдиот орев брутално скршен

Ивановиќ беше неомилен лик кај актуелните власти во Белград, а против него со месеци провладините медиуми водеа црна кампања

Што мисли светот за политичката позадина на убиството на Оливер Ивановиќ

Убиството на Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица е еден од оние настани кој секој мир може да го претворат во војна и секоја војна во мир.

Новата чешка Влада не доби доверба

По минатонеделното одложување на гласањето, синоќа Бабиш ги доби гласовите само на своето движење АНО, додека останатите присутни беа против.

НАЈЧИТАНИ