• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
Плусинфо17:53 12 ноември 2017 ● Прочитано 3358

Мерил Стрип се сретна лице в лице со уредничката на „Вог“, Ана Винтур, за која се смета дека е инспирација за култниот лик на уредничка што ја игра Мерил Стрип во „Ѓаволот носи Прада“.

Двете дами првпат се сретнаа пред камера за интервју заради промоција на специјализираното издание на магазинот по повод јубилејот од 125 години. Актерката, истовремено, позирала и за декемвриската насловна на „Вог“.

Прашана за идентитетот на „најпредизвикувачката жена“ што некогаш ја глумела, Стрип изгледала како да сакала да каже дека тоа е Винтур, но уредничката на „Вог“ се пошегувала: „Не, не, не навлегуваме во тоа, Мерил“.

„Ѓаволот носи Прада“ беше базиран на бестселерот од 2003 година од Лорен Визбергер и инспириран од нејзиното искуство како личен
асистент во „Вог“. Во книгата и во филмската адаптација, магазинот се нарекува „Ранавеј“, а студената уредничка (која ја глуми Стрип) се вика Миранда Присли, наводно базирана на Винтур.

Мерил и Ана зборивале и за новиот филм на актерката, насловен „Пост“, кој е режиран од Стивен Спилберг, а во кој ја глуми славната Кетрин Греам, издавач на весникот „Вашингтон пост“ и една од клучните ликови во откривањето на аферата „Вотергејт“, како и за скандалот со Харви Вајнстајн.

Во однос на скандалот, Стрип рекла дека тоа е врата што нема да се затвори и дека ќе биде тешко луѓето да продолжат со нивните животи како порано.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Се ожени таткото на Џастин Бибер

Челзи покажа фотографија од специјалниот ден на која напиша: „Вчера беше најневеројатен ден. Се венчав со мојот најдобар пријател! Те сакам“.

Сомнителен пакет испратен до принцот Хари и Меган Маркл

Било утврдено дека супстанцата не е опасна, а полицијата истражува и дали имало злонамерна комуникација.

Дуа Липа и Стормзи го засенија Ед Ширан

Во разнобојни аутфити и со бели рози в раце или значки во вид на цвет пристигнуваа славните на Британските музички награди 2018.

Клуни и Опра со по 500.000 долари кураж за марш против оружјето

Учесници, порака Учесниците во „Марш за нашите животи“ ќе побараат поголема контрола врз оружјето. При напад во училиште во Паркленд, Флорида, беа уби

„Наше маало“ и Викторија Лоба во „Еден на Еден“ ВИДЕО

Викторија Лоба отворено одговара на секое прашање од Жаре, па дури и на она „Кога ти беше третото секскуално искуство“.

НАЈЧИТАНИ