• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
Плусинфо17:57 12 ноември 2017 ● Прочитано 3890

Една од најголемите балкански ѕвезди, Жељко Јоксимовиќ, синоќа одржа голем концерт во ВИП Арената „Борис Трајковски“.

„Ноќ што ќе се памети“, Се чувствуваме фантастично“, беа согласни обожавателите на Јоксимовиќ кои присуствуваа на концертот.

Пред преполната сала, музичката ѕвезда ги исполни своите хитови, а публиката во еден глас пееше заедно со Жељко Јоксимовиќ. Салата беше исполнета со позитивни вибрации.

Се редеа стиховите од „Супермен“, „Либеро“ „Лудак као ја“ „Тело вретено“, Љубави“, „Није љубав ствар“, „Лане моје“, „Девојка“, „Дрска жено плава“, како и поновите хит песни на Жељко како што се „Дама“, „Звезда“, „Рањена ѕвер“, „Милиметар“ и ред други добро познати песни на изведувачот.

Заради огромниот интерес за концертот на Јоксимовиќ, во продажба беа пуштени дополнителни блокови во салата (М блоковите М7, М8, М9).

Презадоволната публика уште на самиот почеток на концертот на социјалните мрежи почна да објавува фотографии од концертот, на кои беше доловена убавата атмосфера. Луѓето уживаа.

Самиот Жељко Јоксимовиќ пак, како и секогаш, беше вистински професионалец на сцената. На крајот од концертот пејачот се заблагодари на публиката во арената „Борис Трајковски“ и вети дека ќе има уште вакви ноќи.

Пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ претходно успеа да ја наполни Националната Арена „Филип Втори“, а настанот на 11 ноември направи уште еден во низата на успешни концерти во Скопје. Со музичкиот проект „Два света“ лани со повеќе од 40 музичари на сцена, Жељко наполни дури четири концерти, еден по друг, во Македонскиот народен театар. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Се ожени таткото на Џастин Бибер

Челзи покажа фотографија од специјалниот ден на која напиша: „Вчера беше најневеројатен ден. Се венчав со мојот најдобар пријател! Те сакам“.

Сомнителен пакет испратен до принцот Хари и Меган Маркл

Било утврдено дека супстанцата не е опасна, а полицијата истражува и дали имало злонамерна комуникација.

Дуа Липа и Стормзи го засенија Ед Ширан

Во разнобојни аутфити и со бели рози в раце или значки во вид на цвет пристигнуваа славните на Британските музички награди 2018.

Клуни и Опра со по 500.000 долари кураж за марш против оружјето

Учесници, порака Учесниците во „Марш за нашите животи“ ќе побараат поголема контрола врз оружјето. При напад во училиште во Паркленд, Флорида, беа уби

„Наше маало“ и Викторија Лоба во „Еден на Еден“ ВИДЕО

Викторија Лоба отворено одговара на секое прашање од Жаре, па дури и на она „Кога ти беше третото секскуално искуство“.

НАЈЧИТАНИ