• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83
Плусинфо18:00 12 ноември 2017 ● Прочитано 1558

На најекстравагандната модна ревија во светот годинава ќе има рекорден број девојки од Азија - вкупно седум модели, што е најмногу во историјата на брендот.

Годинашното шоу за првпат ќе се одржи во Азија, поточно во Шангај, Кина, па рекордниот број Азијки на шоуто има логика.
Од друга страна, пак, некогаш се коментира дека на ревијата ѝ фалел диверзитет, заради што е важно дека во 2017 година на пистата ќе има досега најголем број девојки од Азија.

На ревијата, што ќе се одржи на 28 ноември, најновите модели на брендот ќе ги претстават повеќе од 50 девојки.

Девојките што потврдија дека ќе бидат дел од овогодишното шоу се: Џиџи Хадид, Бела Хадид, Викторија Ли, Кели Гејл, Џорџија Фалер, Грејс Елизабет, Лејла Нда, Бланка Падиља, Даниела Брага, Жизел Оливерија, Ејден Куртис, Естел Чен, Надин Леополд, Ванеса Муди, Јулија Белјакова, Алексина Греам, Лиоми Андерсон, Марија Борџес, Бруна Лирио, Грејс Бол, Кејт Григориева, Алана Арингтон, Меган Вилијамс, Меги Лејн, Барбара Фијало, Зури Тиби, Сени Влот, Мајова Николас, Амилна Естевао и Херит Пол. Меѓу убавиците има и доста нови имиња, кои првпат ќе ги гледаме во оваа улога. Петнаесет нови убавици ја добиле можноста да бидат дел од ревијата.
Градникот на фантазиите кој чини 2 милиони долари годинава има чест да го носи Бразилката Лаис Рибеиро. Биле потребни 350 часа за да се изработи градникот, чиј изглед е надополнет со декорација со речиси 6.000 скапоцени камења.

Модното шоу на „Викторијас сикрет“ лани беше следено од 1,4 милијарди луѓе и привлече повеќе од 150 милиони медиумски впечатоци ширум светот.

Што се однесува до музичкиот дел на ревијата, во игра се Тејлор Свифт, Хари Стајлс и Кети Пери, но сè уште не е официјално потврдено дали тие ќе настапат на еден од најголемите модни настани во годината.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Клинтон сексуално нападнал четири тинејџерки?

За да пронајдат „валкани работи“ во животот на четирите жени кои го обвинуваат Клинтон, неговата сопруга планирала да изнајми приватни детективи.

„Форбс“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

Втора на листата е Адел, која, исто така, имаше успешна година со турнеја која значително придонесе за нејзините приходи од 69 милиони долари.

На Шарапова ѝ се закануваат седум години затвор

Една клиентка се пожалила дека ја намамиле луѓе кои ѝ кажале дека водат проект под наслов „Балет на Шарапова“.

Елон Маск јавно плаче по бившата на Џони Деп

Генијалниот милијардер не се срамел да признае дека раскинувањето со Амбер Херд тешко му паднало. Се разделиле поради пренатрупаните распореди.

„Колдплеј“ заработи 532 милиони долари на турнеја

Турнејата на „Колдплеј“ започна во март 2016 година и ширум светот привлече речиси 5,4 милиони посетители на распродадените концерти.

НАЈЧИТАНИ