• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
Плусинфо20:20 12 ноември 2017 ● Прочитано 2485

Канадскиот актер Р. Х. Томсон со години работи на именување на загинатите војници во Првата светска војна создавајќи спомен наречен „Светот помни“, theworldremembers.org.

При спуштањето на сонцето и наутро, ќе ги паметиме.

На 11 ноември помислуваме на мажите и жените (повеќето мажи) кои загинале во борбите за Канада, но нивните имиња не ги знаеме. А се чини дека тоа е нешто толку очигледно што треба да се направи, да се именуваат. На церемониите се слушаат многу зборови: Колку сме горди на тие што се бореле - и ние сме; колку Канада направила добро со тие војни - и ние направивме; и што е најважно, Ден на сеќавање е кога ќе се сетиме на нив. И абстрактните именки се исто така вклучени, но никогаш не сум сигурен за нивната намена, додека во име на мртвиот војник постои тишина што може да го избрише ѕидот меѓу мене и минатото, пишува актерот Р.Х. Томпсон за The Globe and Mail.

Ми се допаѓаат двете минути молк, бидејќи моето сеќавање не е преполно со зборови. Војните играа голема улога во моето семејство: татко ми беше во морнарицата во Втората светска војна, а неговите пет чичковци беа во војска во Првата светска војна, и во семејството на мајка ми чичковците и прачичковците биле во војска. Во Втората светска војна немавме семејни смртни случаи, но седум од моите прекрасни чичковци ги загубија животите во Првата светска војна. Ги знам тие луѓе (претежно млади) само преку стотиците писма што ги испратиле дома. Писмата се лажно едноставни затоа што, главно, бараат нови вести од дома и ретко пишуваат за борбите. Во нивните реченици исто така отсуствуваат апстрактни именки како што се слобода, храброст или демократија, бидејќи војувањето за нив веројатно било практично, ако не и смртоносен, бизнис. Во тишината на 11 ноември, не размислувам само за моите прачичковци, туку и за мојата прапрабаба, нивната мајка, која исто така ги читала писмата до пристигнувањето на информацијата за нивната смрт - обично во телеграма.

Писмата престануваат да изгледаат едноставни кога ќе го разберете контекстот во кој биле напишани. Кога датумот на писмото ќе се спореди со воениот дневник на нивниот полк, настаните од денот стануваат јасни и речениците во писмата стануваат преполни со значење.

На 13 ноември 1917 година, мојот вујко Џорџ Стратфорд напишал: „Баталјонот водеше малку чудни борби“. Записот во полковниот дневник вели дека тие се бореле во битката кај Пашендал – една од големите кланици во Првата светска војна. Потценувањето на неговата војна од страна на Џорџ се судира во мојот ум со нашиот јазик на големи зборови при сеќавањата, епитафите на спомениците, па дури понекогаш и со архитектурата на самите споменици - сите подигнати за почест. Сепак, во моето срце, би сакал нешто едноставно.

Џорџ Стратфор

Остатоците на Џорџ лежат некаде во близина на Пашендал, иако точно каде, никој не знае. Тој беше убиен четири дена откако го напишал писмото. Неговите воени браќа напишале писмо на неговата мајка да не се секира зашто „веднаш умрел“, иако тоа не било точно. Му требало најмалку половина час додека умрел откако неговите пријатели го ископале од земјата со која бил затрупан од гранатирањето.

Неговото име е едно од 54.000-те на белгискиот портал Менин. Тоа се имиња на војници на Комонвелтот кои, како и Џорџ, кои никогаш не биле пронајдени или чии делови никогаш не биле идентификувани. Прашувајќи се каде би можеле да лежат неговите коски (или парчиња), минатата пролет направив едно идеалистичко патување до Пашендал, земајќи со себе една нацртана мапа која беше меѓу писмата. Таа била испратена до мајката на Џорџ и претставува скица на поле покрај патот за Ипр, каде што неговите пријатели му ископале гроб набрзина. Барав место кое беше скриено 100 години.

Р.Х. Томпсон

Патував со мојата прапрабаба (во мојата имагинација), бидејќи таа никогаш не го дозна неговото почивалиште. Ги зедов со себе мапата и последните писма на Џорџ. Постоеше можност остатоци од Џорџ да се појавеле некоја пролет (затоа што коските се појавуваат секоја година, поради мразовите) и официјално да биле повторно погребани. Затоа ги пребарував гробиштата на Комонвелтот со нивните убаво напишани зборови и совршени надгробни споменици, но ништо. Исто така прочитав диви и страсни зборови, напишани од ирските војници во Првата светска војна, што беа изделкани во камењата во Ирскиот парк на мирот во Белгија. И недалеку од Пашендал, ги посетив гробиштата Владсло, во кои има 25.000 германски гробови. И покрај големиот број на гробови во Владсло на нив нема многу меморијален јазик. Наместо тоа, меѓу гробовите се наоѓаат две камени фигури, мајка и татко клекнати на колена пред илјадниците. „Ужалени родители“ беа изделкани од германската скулпторка Кате Колвиц и тие ја чуваат тишината која го срами нашето молчење. На гробиштата на непријателите на Џорџ, очите на таткото се фиксирани на гробниот маркер неколку метри подалеку. Гледајќи каде гледа неговиот поглед, го прочитав името Петер Колвиц - синот на Кате. Во тој момент, мојата прабаба се чинеше како да е поприсутна, бидејќи таа беше придружена од тагата на друг родител. Смртта на синовите подеднакво ги оптоварува мајките, бидејќи телата на синовите, и на непријателот и на пријател, лежат еднакви во нивните гробови.

Ужалени родители

Но, без да се знае каде почива, спомените на Џорџ исто така не може да се смират. Со обележаната мапа и со помош на белгиски истражувачи, конечно го најдов местото во полето со млада пченка, каде што неговите пријатели војници брзо го погребале. Сепак, продолженото гранатирање најверојатно ја преорало таа земја, растурајќи го тоа што било брзо погребано, вклучувајќи го и синот на мојата прапрабаба. Видов парче обвивка од леано железо и неколку топчиња од шрапнел што излегле на површината, но ништо друго.

Коските на Џорџ мора да се некаде, си помислив. Освен лесниот ветер и движењето на пченката, околу мене немаше ништо друго освен тишина. Стоев во тишината на мртвите. Ниту еден збор или јазик на сеќавање немаше во моите мисли. Стоев со жалоста на мојата прапрабаба и на сите мајки за нивните синови од кои баравме да се борат во нашите војни и кои никогаш не се вратија дома.

Со години работев на нивното именување со создавање на сеќавање кое едноставно се вика „Светот помни“. Она што навистина го сакам е кога ќе доаѓа утрото на 11 ноември нашиот молк да трае повеќе од две минути - незначителен временски период. Дваесет минути би можело да биде за почеток, а два часа би биле значајни. Денот на сеќавање никогаш не нѝ даде време да се потсетиме на секој од нив по име, иако имаше доволно време за секој од нив да умре.

(Актерот Р. Х. Томсон е внук на Џорџ Стратфорд, убиен во 1917 година и продуцент на проектот „Светот помни“, кој се обидува да го именува секој војник убиен во Првата светска војна. theworldremembers.org.)

 

Подготви: А.Ј.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Стоп за стабилократијата, зајакнување на демократските институции

Важно е Европската Унија да ги научи лекциите од македонското искуство.

Монако во следните десет години очекува околу 2.700 нови милионери кои ќе бараат станови

Принципатот речиси целосно остана без станови и градежно земјиште што се нудат на продажба, а има се повеќе заинтересирани купувачи.

Медиумите пред објавување на пресудата на Младиќ: „Кампања на солзи“

Наместо за тоа за што е обвинет и зошто му се суди на Ратко Младиќ насловните страници пресудата ја чекаат со текстови за здравствената состојба.

Политички земјотрес во Берлин, што сега?

Математички и политички се исцрпени сите опции освен евентуално малцинска влада на Ангела Меркел за која шансите се минимални.

НАЈЧИТАНИ