• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
Плусинфо15:41 13 ноември 2017 ● Прочитано 1421

Влезниците што се продавале онлајн за првиот ден на отворањето на „Лувр“ во Абу Даби биле распродадени, а голем број луѓе чекале пред влезот за да купат влезници на самото место и да го посетат просторот на познатиот париски музеј во арапскиот свет.

Низ новоотворениот музеј, во кој се прикажани стотици дела и од Истокот и од Западот, можеле да се видат творби на Винсент ван Гог, Пабло Пикасо, Леонардо да Винчи и Клод Моне.

Посетители во модернистичкиот музеј, дизајниран од францускиот архитект Жан Нувел, изјавувале дека се импресионирани од прикажаното, посебно од самиот објект.

Влез во музејот чинел 14 евра, а сите 5.000 карти за отворањето биле продадени. Инвестицијата во музејот изнесува милијарда долари и од Абу Даби се надеваат дека ќе привлече туристи од целиот свет.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Ништо не може да го спречи роботот да ја исполни својата цел (ВИДЕО)

За движењата на роботот е задолжен софтвер, кој му овозможува да го усогласува неговото однесување во однос на пречките.

Во стан во Буенос Аирес пронајдени над 200 змии

За овој случај осомничено е едно лице, а змиите по ветеринарните прегледи ќе бидат вратени во нивните природни живеалишта.

Тест за Бил Гејтс - колку чини кило ориз во продавница (ВИДЕО)

Според неговата проценка, ќеса ориз чини пет долари, а вистинската цена е еден долар.

Новата цел на Маск - брз интернет во целиот свет

Маск очекува до средината на наредното десетлетие, проектот да работи во полн погон.

Полицаец во Египет спаси дете коешто паѓало од трети кат (ВИДЕО)

Момчето е неповредено, а полицаецот херој се здобил со полесни повреди.

НАЈЧИТАНИ