• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83
Плусинфо15:43 13 ноември 2017 ● Прочитано 1646

Календарот на „Пирели“ за 2018 година урива стереотипи, еден по еден. За бајките. За жените. Па и за самиот календар на „Пирели“.

Календарот „Пирели“ за 2018 година е базиран на приказната „Алиса во земјата на чудата“ и ја слави убавината на црномурестите луѓе.
Во најновото издание на календарот позираат ѕвезди од модата, филмот, музиката и слично, под раководство на фотографот Тим Вокер. На календарот исто така работеше стилистот Едвард Енинфул.

Тема
Темата на календарот е „Алиса во земјата на чудата“, а фотографиите се надреални како „свет од соништата“ и во целост ја одразуваат визијата на Вокер за приказната на Алиса.
- Алиса никогаш досега не била со црн тен, сакав на поинаков начин да ја претставам убавината, но и фиктивните ликови што ја следат Алиса - објаснил Вокер.

Славни личности
Меѓу ликовите што се најдоа на легендарниот календар за 2018 година се Наоми Кемпбел, Лупита Нјонго, Вупи Голдберг и Пи Диди. Во улога на Алиса се најде австралискиот модел Даки Тот.

Концепт
Во изминатите неколку години брендот го измени концептот.
Во 2016 година од „Пирели“ ја најмија Ени Лебовиц за да фотографира „моќни жени“ како Серена Вилијамс, Јоко Оно и Пети Смит.
Лани, Питер Линдберг фотографираше познати актерки со облека на себе, меѓу кои беа Џулијан Мур, Хелен Мирен и Робин Рајт.
Пред 30 години календарот на „Пирели“ исто така беше изработен само со црномурести модели.
За првпат календарот „Пирели“ беше објавен во 1963 година.

Доколку се вратиме малку наназад во минатото, ќе сфатиме дека календарот „Пирели“ помина долг пат. Од календар што некогаш се сметаше за провокативен и премногу предизвикувачки, „Пирели“ успеа да се избори со разни епитети и да стане еден од најпочитуваните календари.


 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Клинтон сексуално нападнал четири тинејџерки?

За да пронајдат „валкани работи“ во животот на четирите жени кои го обвинуваат Клинтон, неговата сопруга планирала да изнајми приватни детективи.

„Форбс“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

Втора на листата е Адел, која, исто така, имаше успешна година со турнеја која значително придонесе за нејзините приходи од 69 милиони долари.

На Шарапова ѝ се закануваат седум години затвор

Една клиентка се пожалила дека ја намамиле луѓе кои ѝ кажале дека водат проект под наслов „Балет на Шарапова“.

Елон Маск јавно плаче по бившата на Џони Деп

Генијалниот милијардер не се срамел да признае дека раскинувањето со Амбер Херд тешко му паднало. Се разделиле поради пренатрупаните распореди.

„Колдплеј“ заработи 532 милиони долари на турнеја

Турнејата на „Колдплеј“ започна во март 2016 година и ширум светот привлече речиси 5,4 милиони посетители на распродадените концерти.

НАЈЧИТАНИ