• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 82
Плусинфо15:46 13 ноември 2017 ● Прочитано 1048

Американскиот секретар за трговија Вилбур Рос, со години тврдел дека е милијардер и се најде на листата на „Форбс“ на 400 најбогати Американци, но годинава магазинот го разоткрил.

Лани богатството на 79-годишниот Рос било проценето на 2,9 милијарди долари, но во новиот извештај на „Форбс“ се вели дека го тргнале од листата зашто е откриено дека по кандидатурата за во администрацијата на Трамп, „тежи“ само 700 милиони долари.

- Јасно е дека Рос нè лажел - напишал Дан Александар од „Форбс“ и го прозвал Рос за лаги, измислици и претерување, и тоа од 2004 година наваму.

Рос се бранел дека богатството од 2 милијарди долари го стекнал за семејството и дека со самото тоа не се нашол во извештајот. Од „Форбс“ посочиле дека сега е сосема јасно дека „тие пари никогаш не постоеле“.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Лондон му отвора „војна“ на загадувањето, автобусите ќе возат на кафе

Компанијата Био-бин собира талог од кафе од локали и фабрики, го суши и го процесуира и извлекува масло

Не треба да се плашиме од роботите

Во најавтоматизираните земји, како што се Канада, Јапонија или Германија, невработеноста е најмала.

Мухамед - петто најпопуларно име во Виена

Истражувањето на „Кронен цајтунг“ посочува дека Мухамед веќе од 2014. е меѓу првите пет најчести имиња кои се даваат на деца родени во Виена.

Јапонски ресторан во кој сами си го ловите оброкот

Да се јаде локално е нов тренд во рестораните ширум светот. Но еден синџир ресторани во Јапонија го сфатил ова мото премногу буквално.

Како изгледа мајката која посвои 88 деца со посебни потреби

Во нејзиниот дом се наоѓаат исклучиво деца со посебни потреби и Камил и нејзиниот сопруг Мајк, инаку, педијатар, кој лани починал, сите ги посвоиле

НАЈЧИТАНИ