• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 82
Плусинфо15:47 13 ноември 2017 ● Прочитано 4684

Фредерик Шопен умрел во 1849 година, на 40 години, а покрај тоа што како причина за смртта тогаш е наведена туберколозата, лекарите и научниците ширум светот дебатирале околу тоа повеќе од еден и пол век.

Тим од девет научници објавиле неодамна статија во магазинот „Американски журнал на медицината“, во која се објаснува дека славниот композитор умрел од перикардитис, ретка компликација што инаку се појавува кај заболените од туберкулоза, иако од туберкулоза дефинитивно боледувал.

Жив закопан

Таквото разјаснување на причината на смртта на Шопен денес не би било можно да не бил неговиот страв да го погребат жив, што во негово време не било редок случај и за што често се дебатирало.

- Заколнете се дека ќе ме отворите кога ќе умрам за да не ме погребате жив – молел Шопен додека умирал во Париз.

Неговата молба била услишена. Пред да биде погребан на гробиштата Пер Лашез, лекарите му го извадиле срцето. Неговата сестра потоа срцето во тегла со коњак го прошверцувала во неговата татковина Полска и покрај контролите на руската власт под која тогаш 

Срце во тегла

Срцето на Шопен било во тегла речиси цел век, во црквата „Свети крст“ во Варшава, а кратко време пред црквата да настрада во разорувањето на градот во 1944 година, еден есесовец го земал, претставувајќи се како голем обожавател на Шопен. Го однел во Берлин, а новите германски власти, тогаш ДДР, го вратиле срцето како реликвија на националниот јунак, великанот на уметноста, веднаш по завршувањето на Втората светска војна. Во наредните неколку децении се шпекулирало дека Шопен умрел од цистична фиброза, од дефициенција алфа 1 антитрипсина, од митрална стеноза, дури и до цироза на црниот дроб.

Дефициенција алфа 1 антитрипсина е ретко генетско нарушување што носителот на гените го прави чувствителен на белодробна инфекција. Сочуваното срце на Шопен, од многу причини не е анализирано уште од 1945 година.

Група научници неодамна конечно добиле единствена можност да го проучат срцето на Шопен одблиску. Драгоцениот дел на телото на големиот композитор, истражувачите смееле само да го набљудуваат, без отворање на теглата, а веднаш забележале дека срцето е прекриено со тенок слој фиброзно ткиво.

Набрзо воочиле и мали оштетувања, кои настанале поради посериозни компликации од туберкулозата. Конечната дијагноза е перикардитис, до што довело долгогодишното боледување од туберкулозата.

Иако причината за смртта на Шопен сега веќе е сосема јасна, јасно е и тоа дека ова поглавје нема да биде затворено сè додека на научниците не им се овозможи да направат ДНК-анализа на примерокот на ткивото од срцето.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Лондон му отвора „војна“ на загадувањето, автобусите ќе возат на кафе

Компанијата Био-бин собира талог од кафе од локали и фабрики, го суши и го процесуира и извлекува масло

Не треба да се плашиме од роботите

Во најавтоматизираните земји, како што се Канада, Јапонија или Германија, невработеноста е најмала.

Мухамед - петто најпопуларно име во Виена

Истражувањето на „Кронен цајтунг“ посочува дека Мухамед веќе од 2014. е меѓу првите пет најчести имиња кои се даваат на деца родени во Виена.

Јапонски ресторан во кој сами си го ловите оброкот

Да се јаде локално е нов тренд во рестораните ширум светот. Но еден синџир ресторани во Јапонија го сфатил ова мото премногу буквално.

Како изгледа мајката која посвои 88 деца со посебни потреби

Во нејзиниот дом се наоѓаат исклучиво деца со посебни потреби и Камил и нејзиниот сопруг Мајк, инаку, педијатар, кој лани починал, сите ги посвоиле

НАЈЧИТАНИ