• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо15:56 13 ноември 2017 ● Прочитано 2120

Иако имаше најмногу номинации, шест, за Европски музички награди Ем-ти-ви музичката поп-ѕвезда Тејлор Свифт не освои ниту една награда. Наградите за најдобра песна и за најдобар изведувач отидоа во рацете на нејзиниот колега Шон Мендес, кој го има хитот „There’s Nothing Holdin’ Me Back“.

Мендес беше ултимативен победник на вечерта, кој измами и најсилни вресоци од публиката кога и да се спомнеше неговото име, а дома си отиде со три награди. Освен за најдобра песна и најдобар изведувач, Шон Мендес беше награден и за изведувач со најстраствени обожаватели.

Наградата за најдобар нов изведувач заврши кај Дуа Липа, а за најдобар поп-изведувач кај Камила Кабелјо.

Најдобар спот имаше Кендрик Ламар за „Humble“, додека наградата за настап во живо ја освои Ед Ширан.

За најдобар хипхоп изведувач е прогласен Еминем, за најдобар рок изведувач „Колдплеј“, а Дејвид Гета, очекувано, ја освои наградата за најдобар електро изведувач.

Најдобар алтернативен изведувач е „30 seconds to Mars“. Групата „ЈуТу“, пак, е прогласена за глобална икона.

На годинашното доделување на Ем-ти-ви ЕМА, регионален победник, односно добитник на „Ем-ти-ви бест Адрија акт“ е бендот „Ничим изазван“. Тие со помош на гласови од публиката ја понесоа победата во конкуренција со Сара Јо, Нина Кралјиќ, Марин Јуриќ – Чивро и „Коала војс“.

- Не паметиме да сме биле волку возбудени. Ова е голема работа за нас. Самата номинација беше големо признание, а освојување на наградата не фрли на небо - изјавиле од бендот.

Ем-ти-ви ЕМА доделувањето на наградите го почна со настап на Еминем, кој во придружба на оркестар и пејачката Скајлар Греј имаше светска премиера на новиот сингл „Walk on water“.

Британската рап-ѕвезда Тревис Скот на своето деби на Ем-ти-ви ЕМА дојде со стил - со полициски автомобил, а настапот го заврши со огномет.

Деми Ловато доминираше на бината додека пееше „Sorry Not Sorry“ и „Tell Me You Love Me“. Дејвид Гета за крај ја разигра публиката со новиот сингл „Dirty, Sexy, Money“.

Свеченото доделување на наградите Ем-ти-ви Европа 2017 година се одржа на 12 ноември во Лондон, а програмата ја водеше Рита Ора. Таа воедно го имаше и својот прв настап на ЕМА.


 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Путин за Богојавление се капеше во ледена вода (ВИДЕО)

На температура од околу шест степени Целзиусови под нулата, Путин скокна по крстот што беше фрлен во водите на Селигер.

Хари и Меган го направија третиот обичај пред венчавката

Хари и Меган се ракуваа со цела низа добронамерници, кои мавтаа со знамиња и ги фотографираа со своите телефони.

Пеле заврши во болница

„Над Пеле се направени неколку тестови кои покажуваа сериозен замор“, соопштија од Асоцијацијата за состојбата на фдбалерот.

Брижит Бардо: Лицемерни и смешни се обвинувањата за сексуални напади

Таа истакна дека никогаш не била жртва на сексуално малтретирање, иако беше секс симбол во 50-тите и 60-тите години на минатиот век.

Тајните служби ја предупредија Иванка Трамп дека нејзината другарка е кинеска шпионка

Венди е поранешна сопруга на Руперт Мердок, сопственикот на „Њуз корп“, а со Иванка се спријателила пред повеќе од 12 години, кога станале сосетки.

НАЈЧИТАНИ