• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83
Весна Дамчевска12:12 14 ноември 2017 ● Прочитано 1748

Неплатени обврски во законски рок, паушални фактури, нерегулирани едукации на вработени и многу забелешки за јавните набавки имаат државните ревизори за работата на Управата за јавни приходи (УЈП). Ревизорите го „чешлале“ периодот од ноември 2015 година до јуни 2017 година, кога се промениле тројца директори.

Ревизорите утврдиле дека за реализирани обуки на вработени во текот на 2016 година се потрошени 27.700 евра, од кои повеќе од 10.000 евра се наменети за обука на само едно лице. Тој вработен, пак, во 2017 година спогодбено ја напуштил УЈП.

„Поради нерегулирање на правата и обврските на вработените, кои произлегуваат од нивното стручно усовршување, постои ризик од одлив на обучен и стручен кадар, иако се исплетени буџетски средства за нивна едукација“, напишале ревизорите со препорака овој проблем да се реши.

На 31.12.2016 година УЈП имала салдо на неплатени обврски од околу 2 милиони евра, од кои 65 проценти не се платени во законски дозволениот рок од 60 дена, иако на тој датум имала над два милиони евра неискористени пари.

„Ваквата состојба може да има финансиски импликации врз работењето на УЈП во иднина, од причина што доверителите може да преземат судски дејства, кои, пак, предизвикуваат дополнителни трошоци од должниците. Исто така непочитувањето на одредбите од Законот за финансиска дисциплина предвидува и казнени одредби, односно глоби за субјектите од јавниот сектор поради ненавремено плаќање на обврските во законски предвидените рокови, како и ненавремено доставување на барањата за плаќање до Министерството за финансии“, пишува во ревизорскиот извештај.

Ревизијата истакнува дека салдото на евидентирани обврски на УЈП со состојбата на 31.05.2017 година е намалено и изнесува 19,5 милиони денари.

Ревизорите утврдиле и дека во 2009 година УЈП склучила договор за наем на 1.535 квадратни метри во зградата на ССМ. За одржување на овој простор, согласно со склучениот договор требало да се плаќа по 6 евра за квадратен метар месечно, со можност за менувањево зависност од пазарните услови. Во текот на 2016 година, за тековно одржување преземени се обврски во износ од 174.500 евра.

„Од извршениот увид на приложената документација ревизијата утврди дека процентот на учеството на пооделни услуги, кои се предмет на овој договор се менува во пооделни месечни фактури, како и неправилност во начинот на пресметката на покачувањето на цената на услугата утврдена во договорот, што влијае врз висината на вкупната цена за тековно одржување по метар квадратен, по која е извршено фактурирање за годината - предмет на ревизија. Ваквата состојба има за ефект исплата на повеќе средства, во износ од 323.000 денари во 2016 година“, пишува во Извештајот.

Ревизорите информираат и дека во октомври 2016 година е раскинат договорот за закуп.

 

Објавено во „Слободен печат“
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Почна исплатата на тутунот

Прилепскиот тутутнски комбинат освен на градскиот, од вчера откупува и на 20 пунктови во населените места.

Прв Саем на иновации и патенти во Македонија

Повеќе од 70 излагачи од 11 земји од кои 20 од Македонија се претставуваат на Саемот на иновации, патенти и нови технологии „ИНОВАМАК“.

Регионална дигитална конференција за која сите зборуваат – DAMconf

Viber, една од најпопуларните дигитални дестинации, претставува исклучително атрактивно опкружување за развој на успешна маркетиншка стратегија.

Арбитражата на Интернационалната стопанска комора е подостапна за македонските компании

Арбитражната одлука е конечна, има сила на правосилна судска пресуда, на неа не е можно да се приложи жалба, со што се спречува одолговлекување.

ЕУ воведува задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите

Европската комисија ќе бара воведување задолжителни квоти за жени во управите на јавните компании во земјите на ЕУ.

НАЈЧИТАНИ