• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
Плусинфо18:53 13 ноември 2017 ● Прочитано 4356

„Па, добро, мајка му стара, може ли еднаш без Вучиќ?“

А зошто да не може!

„На штандот на Хрватски курир стои полуголата Тијана Ајфон. Повеќе од 30 деца трпеливо чекаат за селфи и автограм.

Преку патот, на штандот на Српски телеграф седи поетот Љубивоје Ршумовиќ. Сам како трупец. Едно момче му приоѓа да позајми молив за една жена без професија да му се потпише. ХОРОР.

Комплетното фијаско го ублажува нашата колешка Марина која се приближува до еден наставник и му вели дека од другата страна е легендарниот Ршум, па тој упатува 10-на негови ученици кон него, 

П.С. Оваа приказна нема никаква врска со Хрватскиот курир и Српскиот телеграф, поентата не е во тоа (старлети имаше речиси на сите штандови), туку со фактот што дошол последниот час, а можеби и поминал за да се спасат нашите деца“.

Ова срцепарателно неписмено четиво, на својата страница на Фејсбук го објави Саша Миловановиќ, директорот на „Српски телеграф“ во претходниот живот уште и главен и одговорен уредник на „Курир“, во време на неговиот најодвратен период, пишува Славиша Лекиќ во Данас.

Немам вистински одговор зошто Ршумовиќ седел „сам ко трупец“ на штандот на „Српски телеграф“, ниту пак имам претензии да ги спасувам „нашите деца“, иако, како што сугерира уредникот, „последниот момент можеби поминал“.

Но, имам едно прашање, на кое му претходи подолг вовед:

„Претседателот на СНС Глишиќ: Сергеј е едно распаднато наркоманиште“. „Шок интервју со Воислав Шешељ: Кој вели дека се повлекувам, може да ме повлече“. „Простакот Мрка обвинува: ќе им ебам мајката на Зорана и Вучиќ“. „Иван: Од Гоца не се симнав 15 дена“. „Актери лижеле актерки во живо“. „Ева Рас: Петар Божовиќ е најдобриот ебач“. „Дарко: Ацо, ти простувам што ми ја секаше жена ми“. „Бобо ја убиваше Брено од тепање“. „Карлеуша: ми се сере од децата на Цеца“. „Педер балот не чини 500.000 евра“. „Ристичевиќ се покаја што навредувал дете: се чувствувам како гомно“.

„Хрвати: гласаме за Вук Јеремиќ“. „Јанковиќ сакаше секс со водителката“. „Шешељ: Ќе го заколам Тадиќ“. „Тадиќ ги навредува Србите исто како усташот Миловановиќ“. „Шешељ: На Чедо забите му пропаднаа поради дрога“. „Дачиќ: Вучиќ ме тера да играм и пеам на странците“. „Балашевиќ обвини: Србите се убијци“. „Мишковиќ во мрежата на Ал Каеда“.

„Сам против сите: Лов на главата на Вучиќ“. „Јанковиќ и Двери се закануваат: Вучиќ ќе го стрелаат како Чаушеску“. „Подготвиле стапови да го претепаат Вучиќ“. „Западните служби и мафијата нарачале убиство: За главата на Вучиќ дале 10 милиони евра“. „Откриваме план на западните служби: Вучиќ е готов, удрете на семејството“. „ЦИА тргнува во лов на Вучиќ“. „Мафијата испрати порака: Вучиќ , ќе завршиш како Ѓинѓиќ“.

„Им пречи сѐ што е српско: Хрватите на Митровиќ му го заплениле авионот“. „Усташите се закануваат: Доаѓаме во Земун да убиваме српски деца“. „Хрватски министер палел живи српски деца“. „Усташите во Загреб се заканувале дека ќе ги убијат Србите“. „На Србите и кучињата Хрватите им забраниле посета на сајт“. „Семејството на Тесла е убиено во „Олуја““. „Сорошевите фашисти им пцуеле мајка на Србите од Краина“.

„Тачи и Рама подготвуваат војна: Шиптари, 20.000 Срби ве чекаат“. „на Србија ѝ подготвиле крвав преврат“. "Заев ѝ објави војна на Србија“. „ Албанците на 25 август го напаѓаат северно Косово“. „Америка за Балканот подготвила план К1“. „ЦИА подготвила 3 итни акции за Србија“. „Таен план на Албанците и Турците: Целосен удар на Србија“. „Терористи го напаѓаат Белград: цели се трговски центри, станици, концерти“. „Русите тврдат: војната на Балканот започнува на 11-ти јуни“. „Ултиматум на НАТО: закана кон Србија – или пакт или војна“.

„На Путин му се појави крст на челото“. „Ле Пен и Путин сакаат голема Србија“. „Путин: Харадинај ќе плати за колењето на Србите“. „Путин: НАТО, марш од Србија“. „Путин на Балканот прави православен сојуз“. „Шефот на воената служба на Путин потврди: им испраќаме на Србите с-300 и тенкови“. „Путин ќе ги брани Србите од Америте и од НАТО“. „Путин: Со сите сили ќе ја бранам Српска“. „Путин го направи оружјето на Тесла“. „Путин ќе ги одмазди православните браќа“. „Путиновиот човек предупредува: НАТО тргнува во лов на Србија“. „Путин испраќа ново моќно оружје на Србија“. „Путин: Хрвати, ѝ испраќаме мигови на Србија“. „На Вучиќ Русите први му го честитале роденденот“.

„Православен свештеник му помогнал на Трамп да победи“. „Трамп го враќа Косово на Србија“. „Трамп ги протерува Шиптарите од САД“. „Трамп ја препушта Србија на Русите“. „Трамп пушта српска војска во Косово“. „Плановите на Америте: Србија ја добива Српска, северот на Косово и Црна Гора!“. „Трамп и Меркел ја делат Европа: Србија оди со Германија“. „ТРАМП: Америка повеќе нема да ја руши владата во Србија“.

Ова е само мал дел од буквите, наредени во зборови што врескаат од насловните страници на „Српски телеграф“ од 24 март 2016 година, кога ова нешто се појави на киосците.

Прашањето не е: што мисли Миловановиќ под поимот - хорор?
Прашањето не е: зошто не биле децата на штандот на „Српски телеграф“?

Прашањето не е ниту: што правел „легендарниот“ Ршум на штандот на еден ваков ебен „Српски телеграф“?

Прашањето конечно не е: како е можно вакво ѓубре, како што несомнено е „Српски телеграф", да се продава на киосците?

Прашањето е: „Како е можно нешто вакво отпечатено, за првите девет месеци од оваа година, да добие од државните фирми во име на рекламирање 88 милиони динари, 35 милиони повеќе од „Информер“, кој е трипати потиражен!?
 

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Стоп за стабилократијата, зајакнување на демократските институции

Важно е Европската Унија да ги научи лекциите од македонското искуство.

Монако во следните десет години очекува околу 2.700 нови милионери кои ќе бараат станови

Принципатот речиси целосно остана без станови и градежно земјиште што се нудат на продажба, а има се повеќе заинтересирани купувачи.

Медиумите пред објавување на пресудата на Младиќ: „Кампања на солзи“

Наместо за тоа за што е обвинет и зошто му се суди на Ратко Младиќ насловните страници пресудата ја чекаат со текстови за здравствената состојба.

Политички земјотрес во Берлин, што сега?

Математички и политички се исцрпени сите опции освен евентуално малцинска влада на Ангела Меркел за која шансите се минимални.

НАЈЧИТАНИ