• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 82
МИА08:39 14 ноември 2017 ● Прочитано 783

Со премиера на претставата „Крвави свадби“ од Федерико Гарсија Лорка, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, Народниот театар - Битола денеска ќе одбележи 73 години од денот на формирањето и од денот кога е одиграна првата театарска претстава на македонски јазик во Македонија.

- „Крвави свадби“ е едно од најпоставуваните дела на Лорка. На матичната сцена во Битола се поставува втор пат, по 1971 година. Текстот на Лорка е полн со фанатичност и емоции. Екипата за оваа претстава е бројна, настапуваат искусните актери и неколку студенти кои вложија голем труд во изминатите 30 денови за да го прославиме роденденот на нашиот театар на најубав начин, најави уметничкиот директор во НУ Народен театар - Битола Илина Чоревска.

Во претставата „Крвави свадби“ играат Соња Михајлова, Викторија Степановска Јанкуловска, Маја Андоновска Илијевски, Јулијана Стефанова, Менка Бојаџиева, Огнен Дранговски, Васко Мавровски и Борис Чоревски.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Половина милион евра проголта мракот на киното „Манаки“

Фасадата од стиропор последниве денови некој од револт ја оштетил, ги издупчил столбовите и го нагрдил објектот, лоциран во срцето на Широк сокак.

Наградата „Св. Климент Охридски“ за Венко Андоновски, Тавитјан, Плевнеш, Петрушева и Алими

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември во 13 часот во Собранието на Република Македонија.

Романот „Во очекување на Нобеловата награда“ на Душко Родев е објавен во Украина

Ова е прв превод на дело на Родев во Украина, а е објавен со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Македонската филхармонија ќе слави роденден со симфониски концерт и со изложба

По повод 73-от роденден, в петок од 20 часот ќе одржи симфониски концерт под наслов „Среќен ти роденден!“.

Новиот број на „Стожер“ посветен на лауреатите на ДПМ

Во списанието „Стожер“ (кое е достапно на интернет-страницата www.dpm-pisateli.mk) објавени се и други прозни, поетски и критичко-есеистички прилози.

НАЈЧИТАНИ