• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 82
МИА08:40 14 ноември 2017 ● Прочитано 855

Традиционалната меѓународна ликовна изложба за деца и младинци „13 Ноември“ денеска ќе биде отворена во детската библиотеката „Другарче“.

Во изложбениот простор-галерија и во холот на објектот ќе бидат изложени вкупно 350 ликовни творби, кои посетителите ќе можат да ги погледнат до 21 ноември годинава.

Генерален покровител е Град Скопје, а организатори се Детскиот ликовен центар и Градското здружение на ликовните педагози од Скопје.

Во кино-салата на Кинотека на Македонија ќе бидат доделени околу 200 сертификати за сите возрасни категории: дипломи, благодарници и каталози за гостите-учесници од Бугарија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и за најуспешните учесници од Република Македонија, на возраст од четири до 22 години.

Оваа изложба е во рамки на одбележувањето на 13 Номеври - Денот на ослободувањето на Скопје.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Половина милион евра проголта мракот на киното „Манаки“

Фасадата од стиропор последниве денови некој од револт ја оштетил, ги издупчил столбовите и го нагрдил објектот, лоциран во срцето на Широк сокак.

Наградата „Св. Климент Охридски“ за Венко Андоновски, Тавитјан, Плевнеш, Петрушева и Алими

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември во 13 часот во Собранието на Република Македонија.

Романот „Во очекување на Нобеловата награда“ на Душко Родев е објавен во Украина

Ова е прв превод на дело на Родев во Украина, а е објавен со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Македонската филхармонија ќе слави роденден со симфониски концерт и со изложба

По повод 73-от роденден, в петок од 20 часот ќе одржи симфониски концерт под наслов „Среќен ти роденден!“.

Новиот број на „Стожер“ посветен на лауреатите на ДПМ

Во списанието „Стожер“ (кое е достапно на интернет-страницата www.dpm-pisateli.mk) објавени се и други прозни, поетски и критичко-есеистички прилози.

НАЈЧИТАНИ