• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 82
МИА09:46 14 ноември 2017 ● Прочитано 984

Италијанскиот писател Клаудио Магрис е прогласен за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.

„Одлуката на ДПМ за прогласување за почесен член на Клаудио Магрис, еден од најголемите современи автори на италијанската и европската книжевност, е во знак на почит кон неговото значајно литературно дело и благодарност за творечките и духовни врски со македонската литература преку преводите на неговите дела објавени на македонски јазик“, соопшти македонската писателска асоцијација.

Од обемниот творечки опус на Магрис, на македонски јазик се објавени книгите „Друго море“, во превод на Анастасија Ѓурчинова, „Микрокосмоси“ и „Запрена постапка“, во превод на Марија Грација Цветковска.

- Клаудио Магрис е автор на дваесетина прозни и есеистички остварувања меѓу кои и на култниот роман „Дунав“. Делата на Магрис го поврзуваат личното искуство со колективната меморија, преку плодотворниот дијалог на културите и идентитетите кои опстојуваат на просторот помеѓу Средна Европа и Медитеранот - информира ДПМ.

Од утре до 17 ноември Магрис ќе престојува во Скопје како учесник на манифестацијата Недела на италинаската книга, а Плакетата за почесен член на ДПМ ќе му биде врачена на 16 ноември во 19 часот на книжевна средба во Македонската филхармонија.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Половина милион евра проголта мракот на киното „Манаки“

Фасадата од стиропор последниве денови некој од револт ја оштетил, ги издупчил столбовите и го нагрдил објектот, лоциран во срцето на Широк сокак.

Наградата „Св. Климент Охридски“ за Венко Андоновски, Тавитјан, Плевнеш, Петрушева и Алими

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември во 13 часот во Собранието на Република Македонија.

Романот „Во очекување на Нобеловата награда“ на Душко Родев е објавен во Украина

Ова е прв превод на дело на Родев во Украина, а е објавен со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Македонската филхармонија ќе слави роденден со симфониски концерт и со изложба

По повод 73-от роденден, в петок од 20 часот ќе одржи симфониски концерт под наслов „Среќен ти роденден!“.

Новиот број на „Стожер“ посветен на лауреатите на ДПМ

Во списанието „Стожер“ (кое е достапно на интернет-страницата www.dpm-pisateli.mk) објавени се и други прозни, поетски и критичко-есеистички прилози.

НАЈЧИТАНИ