• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
МИА09:44 14 ноември 2017 ● Прочитано 1605

Пет лица биле полесно повредени во четири од вкупно осум сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во четири била причинета материјална штета.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети биле 93 возила.

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет лица биле исклучени од сообраќај поради управување на возило под дејство на алкохол и 24 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани биле и четири пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.Затекнати биле 76 непрописно паркирани возила.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Шилегов ќе ги дислоцира галиите од Вардар

Најспорно е тоа што овие објекти претставуваат урбана опрема според документацијата издадена од градот, иако се градби на неколку ката, тврди Шилегов.

Пристигнати 324 барања за субвенционирање печки на пелети

Пријавувањето на јавниот повик почна на 15 ноември, траеше седум календарски дена, a се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.

Од денеска до сабота затворена улицата Втора македонска бригада

Aвтобуските линии со броевите 19 и 35 ќе бидат пренасочени по улицата Босна и Херцеговина, во двата правцa.

Стотици невработени почнаа да го чистат Скопје ГАЛЕРИЈА

„Генералката“ денеска почна од населбата Бутел и ќе трае дваесеттина дена.

Центар нема да троши пари за Нова година ама ќе има прослава на сквер „Јадран“

Околу шест милиони денари, колку што требаше да се одвојат за новогодишната прослава, ќе се пренаменат за чистота и социјална помош.

НАЈЧИТАНИ