• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо09:51 14 ноември 2017 ● Прочитано 3807

Делови од скопските општини Центар, Карпош, Чаир, Кисела Вода, Аеродром и Чучер Сандево утре ќе бидат без струја поради закажани технички зафати во електроенергетската мрежа.

Во периодот од 8.30 до 9.30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од булеварот Илинден, делот кај Зоолошка градина, улица Орце Николов и улица Рузвелтова“ во општина Центар.

Без струја од 8.30 до 11 часот ќе бидат корисниците од дел од Средно Водно - предаватели за РТВ сигнали, дел од село Горни Крушопек и дел од село Нерези - Етно Село, во општините Центар и Карпош, а во периодот од 8.40 до 15 часот корисниците од дел од улица Серава, Стојна Стевкова и улица Рифат Бурџевиц во Чаир.

Во периодот од 10 до 11.30 часот прекин во снабдувањето со струја ќе имаат корисниците од околните улици во близина на Универзална Сала, улица 29 Ноември, делот кај Универзална Сала, улица Владимир Полежиновски, улица Петар Поп Арсов и улица 9 Мај“ во општина Центар, а во периодот од 12 до 13.30 часот корисниците од улица Михаил Чаков и улица Ѓорѓи Сугаре кај Топлана во општина Кисела Вода.

Без струја во периодот од 12 до 15 часот ќе бидат корисниците корисниците од дел од село Кучевиште во општина Чучер Сандево, од 14 до 15.30 часот корисниците од  улица Горно Лисиче и Горноврановска кај каналот во село Горно Лисиче, улица Ѓорѓи Андреевиќ Кун, како и влезот во село Горно Лисиче во општина општина Аеродром, а во перииодот од 8.45 до 15 часот корисниците од дел од улица Чаирска, улица 7 Албанска Бригада како и дел од улицатаБајрам Шабани во општина Чаир.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Исклучените од парно ќе дискутираат за калориметрите

Протестот е 150 по ред и се одржува пред Регулаторната комисија за енергетика.

Даниел Дончевски по петти пат го фати крстот во Скопје

На денешната манифестација во осветените води на Вардар по крстот скокнаа околу 150 верници.

Last Minute Sale со попусти до 70 отсто

Девојки го привлекуваа вниманието на возачите и минувачите со табли кои повикуваа на зимски шопинг во Скопје сити мол.

Загадувањето ја запре обновата на Партизанска

Улицата изгледа лошо и нерамно, по должина на коловозот се познаваат три ленти како што е нанесуван асфалтот.

За Водици со изменет сообраќаен режим

Посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во центарот на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен утре.

НАЈЧИТАНИ