• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83
МИА10:08 14 ноември 2017 ● Прочитано 1020

ЕУ и еврозоната се наоѓаат пред слични дилеми како поранешна Југославија на почетокот од 90-те години, барем кога станува збор за натамошно изедначување на даночните системи во земјите-членки.

Тоа го оцени еден од најпознатите словенечки економисти, академик Јоже Менцингер.

- Ќе стане ли ЕУ финансиска унија? Јас тука гледам три можни сценарија, по примерот на оние од поранешна Југославија, изјави Менцингер на конференција за даноци одржана во Загреб.

Првото сценарио, „конфедерален“ модел, подразбира целосна фискална децентрализација, во која фискалната политика останува во надлежност на земјите-членки.

Вториот модел значи склучување фискален пакт, како што е моментната ситуација, кога членките само мал дел од своите приходи ги вложуваат во заедничката ЕУ каса.

Третиот модел е фискална унија, во која членките добар дел од своите фискални приходи му го препуштаат на заедничкиот буџет на Унијата. Тоа во суштина би бил „федерален“ модел, каков што постоел во СФРЈ.

Анализите, кои ги направил Менцингер за еврозоната и ЕУ, покажуваат дека таквиот „југословенски“ модел би значел откажување на богатите членки од големите приходи, кои ги собираат во корист на заедничкиот буџет, а тие средства потоа би се трансферирале и во послабо развиените членки.

Поедноставно кажано, побогатите членки на ЕУ со тоа, барем на прв поглед, би биле во загуба, а посиромашните во добивка. Но, на побогатите тоа би им се вратило преку зголемување на стандардот во послабо развиените членки, па на крајот и тие би биле во плус.

Хрватската европратеничка Ивана Малетиќ предупреди дека тешко може да се зборува за фискална унија додека дел од членките на ЕУ се надвор од еврозоната и додека не се постигне поголем степен на монетарна интеграција. Според неа, потребно е да се поработи на намалување на разликите во степенот на развиеност меѓу членките.

- Во спротивно ќе имаме натамошни поделби внатре во ЕУ, истакна Малетиќ.

Таа нагласи дека главни теми во даночната политика на ЕУ моментно се борбата против даночните измами, како и поставување ред во работењето со даночните оази.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Почна исплатата на тутунот

Прилепскиот тутутнски комбинат освен на градскиот, од вчера откупува и на 20 пунктови во населените места.

Прв Саем на иновации и патенти во Македонија

Повеќе од 70 излагачи од 11 земји од кои 20 од Македонија се претставуваат на Саемот на иновации, патенти и нови технологии „ИНОВАМАК“.

Регионална дигитална конференција за која сите зборуваат – DAMconf

Viber, една од најпопуларните дигитални дестинации, претставува исклучително атрактивно опкружување за развој на успешна маркетиншка стратегија.

Арбитражата на Интернационалната стопанска комора е подостапна за македонските компании

Арбитражната одлука е конечна, има сила на правосилна судска пресуда, на неа не е можно да се приложи жалба, со што се спречува одолговлекување.

ЕУ воведува задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите

Европската комисија ќе бара воведување задолжителни квоти за жени во управите на јавните компании во земјите на ЕУ.

НАЈЧИТАНИ