• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83
Плусинфо10:23 14 ноември 2017 ● Прочитано 493

ОКТА оствари висока профитабилност во третиот квартал од 2017 година, како резултат на растечкиот тренд на обемот на продажба на домашниот пазар и зголеменото пазарно учество, поддржана со тековните структурни оптимизации.

Со успешно надминување, и тоа во повеќе наврати, на екстремните ситуации поврзани со лошите временски услови и граничната блокада, со кои се соочи во првите месеци од 2017 година, ОКТА останува главен гарант за снабдување со гориво во земјата.

Оттука, прилагодената ЕБИТДА, како клучен показател за оперативната профитабилност на компанијата, изнесува 242 милиони денари за третиот квартал од 2017 година, во споредба со 206 милиони денари за третиот квартал од 2016 година.

Кумулативно за девет месеци, прилагодената ЕБИТДА изнесува 413 милиони денари, што е на пониско ниво во однос на истиот период минатата година, како резултат од профитот на еднократната продажба на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати што ја зголеми прилагодената ЕБИДТА на ниво од 455 милиони денари.

Од друга страна, со исклучок на овој еднократен ефект, прилагодената ЕБИДТА за девет месеци во 2016 година би била пониска во споредба со истиот период од 2017 година. Приходите од продажба продолжуваат да се зголемуваат, достигнувајќи 16.674 милиони денари, споредено со 13.523 милиони денари во истиот период минатата година.

Добивката пред оданочување за девет месеци од 2017 година, беше негативно погодена за 22 милиони денари поради падот на меѓународните цени на нафтените деривати како и влијанието на негативниот ефект од промена на цените на залихата, за разлика од 2016 година кога истиот ефект беше позитивен во износ од 78 милиони денари.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Почна исплатата на тутунот

Прилепскиот тутутнски комбинат освен на градскиот, од вчера откупува и на 20 пунктови во населените места.

Прв Саем на иновации и патенти во Македонија

Повеќе од 70 излагачи од 11 земји од кои 20 од Македонија се претставуваат на Саемот на иновации, патенти и нови технологии „ИНОВАМАК“.

Регионална дигитална конференција за која сите зборуваат – DAMconf

Viber, една од најпопуларните дигитални дестинации, претставува исклучително атрактивно опкружување за развој на успешна маркетиншка стратегија.

Арбитражата на Интернационалната стопанска комора е подостапна за македонските компании

Арбитражната одлука е конечна, има сила на правосилна судска пресуда, на неа не е можно да се приложи жалба, со што се спречува одолговлекување.

ЕУ воведува задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите

Европската комисија ќе бара воведување задолжителни квоти за жени во управите на јавните компании во земјите на ЕУ.

НАЈЧИТАНИ