• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
Плусинфо10:27 14 ноември 2017 ● Прочитано 996

На 18 ноември (сабота) во 12 часот, во големата сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи Симфонискиот концерт за деца под наслов „Магичен глас“, на кој како солист ќе настапи сопранот Билјана Јосифов. Аниматор на концертот е актерот Мартин Јордановски, миленик на детската публика. Концертот ќе се одржи под диригентската палка на Дијана Илкоска-Имери.

Приказната се однесува за едно момче кое сака да стане оперски пејач и сонува сон во кој тој навистина пее оперски арии. Во сонот, се појавува добрата вештерка, која е всушност оперска пејачка, и се обидува да му го оствари сонот. Вештерката доаѓа на коњ, наместо на метла, ја бркаат здодевни бумбари, потоа ја носи звукот на трубите, за на крајот да се претвори во дрвена кукла... Приказната е полна со хумор и изненадувања и прекрасна музика соодветно избрана за најмладите слушатели, дела од Копланд, Бернштајн, Римски-Корсаков, Моцарт, Мусоргски, Штраус, Росини.

До крајот на годината, ќе се одржи уште еден Симфониски концерт за деца, Новогодишен концерт под наслов „Новогодишни волшепства“ кој ќе донесе музика од класичната литература наменета за оваа пригода. Новогодишниот концерт за деца ќе се одржи на 23 декември во 12 часот и ќе донесе многу изненадувања врзани за најубавите празници во годината.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Театарот „Војдан Чернодрински“ треба да биде самостојна институција

Театарот ја има претрпено најголемата штета во последните години, губејќи го брендот Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.

„Јадран филм“ ѝ врати 300.000 евра на Агенцијата за филм

Како ќе се наплати остатокот ќе сезнае по завршување на истрагата на ЈО и Финансиската полиција кои ја проверуваат документацијата, вели Тозија.

Промоција на книгата „Песна без зборови" од Весна Малјановска

Малјановска е музички теоретичар, педагог и новинар во културно- уметничката програма на Македонската телевизија.

Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес “ од утревечер во Охрид

Водичи за посетителите ќе бидат млади волонтери, средношколци кои поминале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк.

Во Струмица премиера на претставата „Царот Владислав“

Ова е четврта премиера на НТ „Антон Панов“ за сезонава, а е работена по текст дебитантски текст на авторот, струмичанецот Борис Јанков.

НАЈЧИТАНИ