• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83
Плусинфо10:45 14 ноември 2017 ● Прочитано 683

Винарската визба „Тиквеш“ лансираше на пазарот два новитета во палетата врвни вина од линијата „Special Selection” од сортите Виоње и Плавец, кои како издвоени сорти за првпат се употребуваат во Македонија, иако се исклучително популарни во други земји.
Линијата „Special Selection” претставува широка палета на вински вкусови во која секоја сорта е презентирана со своите најдобри карактеристики и во најдобро светло, што е одлична можност за потрошувачите да го одберат она вино што најмногу им одговара и им се допаѓа.

- Оваа новина во портфолиото претставува реализација на нашата стратешка определба за константно воведување иновации во различни сегменти од работењето“, објаснува генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ, потенцирајќи дека „составен дел од ваквата стратегија секако е креирање на портфолио согласно желбите на потрошувачите, привлекување нови потрошувачи и нивен развој во вински ентузијасти - заклучува Вукиќевиќ.

Лозовите насади каде се одгледуваат сортите од кои се произведени двете нови вина се наоѓаат на падините на планината Бабуна, на надморска висина до 270 метри и ориентација кон исток со што е овозможено оптимално изложување на сонце и зреење на грозјето. Почвата – рензина, каде се насадени лозјата, е богата со минерали и е со одлична пропустливост на водата. Самите лозја се поставени на позиција во која струењето на северниот ветер овозможува добро проветрување кое е особено значајно за задржување на свежината и природната отпорност на грозјето.

Виоње е суво бело вино произведено од интернационална сорта на грозје кое е особено популарна во Франција. Се одликува со лимон жолта боја и нагласени ароми на кора од портокал, манго и праска, дополнети со ноти на бело чоколадо, кокос и ванила кои се резултат на шестмесечно одлежување во специјални дабови буриња. Ова вино се карактеризира со полно тело, а на вкус се чувствуваат минерални ноти и препечен леб.

Црвеното суво вино Плавец е произведено од истоимената автохтона сорта која е распространета во целиот наш регион, а особено е популарна во Хрватска. Виното се карактеризира со интензивна рубин црвена боја и ароматични ноти во кои се чувствуваат различни зачини, како бел бибер, каранфилче и диви црни рибизли. Ова вино се карактеризира со средно тело и меки танини, а на вкус можат да се почувствуваат и ноти на потпечено овошје.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Почна исплатата на тутунот

Прилепскиот тутутнски комбинат освен на градскиот, од вчера откупува и на 20 пунктови во населените места.

Прв Саем на иновации и патенти во Македонија

Повеќе од 70 излагачи од 11 земји од кои 20 од Македонија се претставуваат на Саемот на иновации, патенти и нови технологии „ИНОВАМАК“.

Регионална дигитална конференција за која сите зборуваат – DAMconf

Viber, една од најпопуларните дигитални дестинации, претставува исклучително атрактивно опкружување за развој на успешна маркетиншка стратегија.

Арбитражата на Интернационалната стопанска комора е подостапна за македонските компании

Арбитражната одлука е конечна, има сила на правосилна судска пресуда, на неа не е можно да се приложи жалба, со што се спречува одолговлекување.

ЕУ воведува задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите

Европската комисија ќе бара воведување задолжителни квоти за жени во управите на јавните компании во земјите на ЕУ.

НАЈЧИТАНИ