• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
Плусинфо12:05 14 ноември 2017 ● Прочитано 906

Компанијата Амазон ги откупи правата за снимање на серијата Господар на прстените, којашто ќе се емитува на нивниот стриминг сервис Прајм Видео.

Имено, приказната ќе биде околу тоа што се случувало пред онаа во Дружината на Прстенот како што гласи првиот дел од трилогијата на Џ.Р.Р. Толкин.

Ворнер според гласините, за тоа преговарал и со Нетфликс и со ХБО, но правата на крај му припаднале на Амазон. Во преговорите наводно, лично бил вклучен и директорот на Амазон, Деф Безос.

Господар на прстените е едно од најпопуларните и најзначајните книжевни дела на жанрот епска фантастика.

Околу 2000-та година, новозеландскиот режисер Питер Џексон ја преточи тогаш веќе светски популарната епска авантура, во три филма, кои постигнаа огромен успех и кај публиката и кај критиката, а третиот дел Враќањето на кралот на Оскарите во 2003. победи во сите 11 категории во коишто беше номиниран.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Ништо не може да го спречи роботот да ја исполни својата цел (ВИДЕО)

За движењата на роботот е задолжен софтвер, кој му овозможува да го усогласува неговото однесување во однос на пречките.

Во стан во Буенос Аирес пронајдени над 200 змии

За овој случај осомничено е едно лице, а змиите по ветеринарните прегледи ќе бидат вратени во нивните природни живеалишта.

Тест за Бил Гејтс - колку чини кило ориз во продавница (ВИДЕО)

Според неговата проценка, ќеса ориз чини пет долари, а вистинската цена е еден долар.

Новата цел на Маск - брз интернет во целиот свет

Маск очекува до средината на наредното десетлетие, проектот да работи во полн погон.

Полицаец во Египет спаси дете коешто паѓало од трети кат (ВИДЕО)

Момчето е неповредено, а полицаецот херој се здобил со полесни повреди.

НАЈЧИТАНИ