• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83
МИА12:09 14 ноември 2017 ● Прочитано 402

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан наредната недела доаѓа во Македонија.

Посетата на Скопје тој ја најави на Твитер по средбите во Брисел со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

- Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Скопје, следната недела, во рамки на која ќе имам политички средби, но и средби со претставници на цивилното општество - објави Хан на својот налог на Твитер.

Во твитот како извонредна ја оцени средбата со Османи и со Димитров.

- Верувам дека Владата ќе го искористи позитивниот момент и оти ќе ги видиме резултатите од натамошните реформи до крајот на годината. За ова е потребна конструктивна соработка на сите политички сили, вклучувајќи ја и опозицијата - нагласи Хан.

На средбата во Брисел вчера биле отворени сите прашања поврзани со еропската агенда на Република Македонија. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

До 2050 во Македонија 33 отсто од населението ќе биде старо

Политиките на државата треба да се ревидираат за да можат да одговорат на потребите на трендот на стареење на населението.

СЈО испрашува сведок дали продал механизација на Кочан, тој не може да го потврди потписот

Сведокот рече дека фактурите се негови, меморандумот е негов, но за потписите не можеше да потврди, зашто имал 2-3 различни потписи.

Масовното труење останува енигма

Според директорот на гостиварската болница, постојат две хипотези за масовното труење: сезонски вирус или задоцнети анализи.

Позитивна препорака од ЕУ се очекува во февруари

Хан рече дека македонските политичари се должни пред граѓаните да најдат решение, компромис во врска со спорот околу името.

СЛОБОДЕН УДАР Сакатиот, Ќосиот и Женкарот

Според него, асексуалци се луѓето кои одат во црква, редовно постат и имаат контакт со православни свештеници.

НАЈЧИТАНИ