• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
Плусинфо12:16 14 ноември 2017 ● Прочитано 2743

Триесетина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар се повредени во сообраќајна несреќа што се случи изутрината околу 7.30 часот на патот Демир Хисар - Кичево.

Покрај учениците кои се здобиле со телесни повреди, како што информираа од МВР за МИА, тешко е повреден и возачот на автобусот З.С. (49) од селото Единаковци, Демир Хисар.

Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Битола каде им е укажана лекарска помош.

Според полицијата, до несреќата дошло при судир на автобусот и комбе со битолски таблички, управувано од С.С. (56) од Крушево.

Сообраќајот не бил во прекин и извршен е увид на местото на настанот.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Дончев: Фирмата на кумот на Груевски увезувала фалсификувани лекови

Лековите се произведени од сомнителен извор, а спакувани во оригинални амбалажи, кои во Македонија доаѓаат преку т.н. паралелен увоз, вели Дончев.

Министрите со мини-бус до Струмица

„Добрососедство. МКБГ во Струмица“, напиша министерката Радмила Шекеринска во краткиот коментар до фотографијата.

Димитров: Ако јас направам беља ќе кажам дека тоа бил Никола Попоски (ВИДЕО)

Димитров на Жаре му откри и многу интересен детал од времето кога беше советник на претседателот Борис Трајковски.

Џафери: Мајка Тереза е симбол на безгранична хуманост, љубов и грижа

Мајка Тереза е симбол на безгранична хуманост, на љубов и грижа токму кон оние кон кои животот бил немилосрден, изјави во Пореч, Талат Џафери.

Патријархот Неофит до Радев: Ќе бараме позитивно решение со МПЦ

Патријархот го уверил Радев во добрата волја на Бугарската патријаршија да се бараат патишта за успешно решавање на ова прашање.

НАЈЧИТАНИ