• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
Плусинфо12:22 14 ноември 2017 ● Прочитано 1423

Цементарница УСЈЕ и Архитектонскиот факултет од Скопје објавија конкурс за обнова на фасадните површини на објектите и инсталациите во сопственост на компанијата. Право на учество имаат студентите по архитектура од сите студентски години. 

Конкурсот трае до 6. декември 2017 година, а сите заинтересирани студенти ќе можат да се информираат за условите за учество на Интернет страницата на компанијата www.usje.com.mk на линкот http://usje.mk/upload/pdf/Konkurs_Cementara_2017.pdf или на интернет адресата на Архитектонскиот факултет http://www.arh.ukim.edu.mk/, од каде можат да ги преземат сите материјали потребни за учество.

Како општествено одговорна компанија УСЈЕ, покрај континуираното модернизирање на технологијата и процедурите за производство, го иницира овој конкурс за обнова на фасадните површини на дел од своите објекти и на инсталациите со цел тие уште подобро да се вклопат во нивното непосредно опкружување.

- Иако целокупните наши активности се одвиваат по највисоките принципи што ја регулираат работата на оваа индустрија, ние секогаш правиме чекори кој на дело ја докажуваа нашата јасна определба да работиме во целосна согласност со животната средина. Овој преокт е во таа насока и има за цел дополнително да даде придoнес кон тоа. Освежувањето на фасадите ќе значи и користење на нови градежни материјали кои се со високи еколошки стандарди, но и дополнително ќе отвори можност за дополнително хортикултурно уредување на УСЈЕ. И што е најважно, оваа активност е можност за младите студенти да работат на конкретен проект кој со својата комплексност е вистински предизвик и глобален тренд - истакна Борис Хрисафов, генерален извршен директор на УСЈЕ.

Компанијата е во континуирана комуникација со сите надлежни институции на локално и на централно ниво, како и со граѓаните и невладините организации во насока на дополнително подигнување на стандардите во сите сегменти од работењето.

- Брзиот развој на технологијата влијае и на науката и на динамиката на развојот на пазарот на труд, особено во нашата дејност. Во таа смисла, како суштински важна се покажува соработката помеѓу научните институции и реалниот сектор. На тој начин, ние сме во тек со потребите на пазарот и промените кои се секојдневни и имаме можност да ги вклучиме во нашите едукативни програми. Оттука, соработката од ваков тип е многу важна, бидејќи дава можност за практична работа во текот на едукативниот процес на идните архитекти. Искрено се надевам дека ќе имаме што повеќе проекти од ваков вид - истакна проф. д-р Огнен Марина, декан на Архитектонскиот факултет во Скопје.

По завршувањето на конкурсот, петчлена комисија ќе ги разгледува сите пристигнати идејни решенија и ќе го избере најдобриот предлог. Најдобрите три решенија ќе добијат и парична награда - прва награда во износ од 25.000 денари, втора награда во износ од 15.000 денари и трета награда во износ од 10.000 денари. Дополнително, за откуп на идејните решенија ќе биде исплатен износ од 5.000 денари.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 26. декември 2017 на огласната табла на Архитектонскиот факултет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Грчкиот Парламент одобри продажба на пристаништето во Солун

Денешната одлука доаѓа по приватизацијата во 2016 година на најголемото грчко пристаниште Пиреја со продажбата на мнозински дел на кинеската Коско.

Непопуларни мерки се на маса - кревање на придонесите и возраста за пензија

Се прави комплетна анализа на структурата на ПИОМ и се бара чаре како да се извади од долгот.

Ирфан Асани: Се согласив 5% од платата да давам за ДУИ, а не од буџетот на Железници

Против Државната комисија за спречување на корупцијата и нејзиниот претседател Асани ќе покрене соодветни правни постапки и кривични пријави.

Агенцијата за медиуми најмногу пари ќе потроши за плати

АВМУ покажала солидно ниво на транспарентност, но треба да си ја заврши и стратегијата за развој на аудиовизуелната дејност.

Тевдовски: Се зајакнува транспарентноста и контролата на јавните набавки

Согласно европските правила и практика, новиот закон нуди можност покрај цената во предметот на набавката да се вреднува и квалитетот.

НАЈЧИТАНИ