• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА12:26 14 ноември 2017 ● Прочитано 1526

 Да се обезбеди практична примена на регулативата за градежно земјиште, постапките за градење и за просторното планирање и да не се менуваат често, бараат компании од градежништвото, туризмот и текстилната индустрија при Стопанската комора на северозападна Македонија.

- Градежништвото е еден од најсилните сегменти кој носи бенефит во економијата на државата. Законите во Македонија на некој начин се добри, но ќе треба подобро да се применуваат. Имаме барање од компаниите да нема чести промени на законите кои го отежнуваат нивното секојдневно работење - изјави Неби Хоџа, претседател на Стопанската комората на северозападна Македонија.

Фирмите, посочи, укажуваат на неспроведени решени судски спорови, како и на проблеми при впишување на сопственоста на земјиштето. Проблемите треба да се решат до крај, односно законите не се проблем, туку нивната практична реализација, потенцира Хоџа.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изрази подготвеност за прифаќање на сите идеи, предлози и иницијативи со кои ќе се подобри регулативата од оваа област, а за која проблематика е формирана работна група. Целта е да се направат квалитетни измени кои ќе го подобрат работењето на компаниите, а граѓаните да можат да си ги остваруваат правата. - Сметаме дека е потребно да се олеснат постапките за одобрение за градење, постапките за дел од останатите барања предвидени во Законот за градење, како и делот на ревидирање на казнената политика, рече Сугарески, потенцирајќи дека е важно заеднички да се утврди како да се подобри примената на законите.

- Нема да дозволиме во наредниот период заради лични интереси да се менува Законот за градење, кој е променет над 27 пати -повтори Сугарески.

Формираното тело со претставници на државни институции, комори, факултети, невладиниот сектор, изминатиот месец вршеле проверка на целата материја. По сеопфатната анализа на досегашните закони во наредниот период, според Сугарески, точно ќе се утврди во кои насоки ќе се спроведуваат реформи за да се создаде нова функционална легислатива лесно приспособлива на новите потреби и стандарди 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Бугарија амбициозно „граби“ струја од сонцето

Иако источниот сосед сега има 60 пати повеќе фотоволтаици од Македонија, се гради нов гигантски соларен парк, а на покривите никнат соларни панели.

За проблемот со брашното ќе разговараат македонскиот и српскиот министер за земјоделство

Премиерот не очекува и зголемување на цената на лебот поради проблемите со кои се соочуваат мелничарите.

АПСУРДИ Власта се токми да ги осакати спортските обложувалници, ама и буџетот!

Измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри ќе предизвика масовни отпуштања во обложувалниците и пад на буџетските приходи.

Заев го посети тројцата браќа Вејселови, произвеле седум тони тутун ВИДЕО

Тутунот е тежок за производство, велат Вејселови, од расадување, берење, нижење до калапење во него учествува од најмалиот до највозрасниот член.

Струмички гимназијалци се наградени за идеи за „Коридорот 8“

Тие учествуваа со свои проекти како да функционра ова значајна комуникациска врска меѓу Македонија и Бугарија во иднина.

НАЈЧИТАНИ