• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
Александар Самарџиски12:26 14 ноември 2017 ● Прочитано 4868

Ниту серија, ниту промотивно видео, ниту некакви документи или информации се стигнати до Агенцијата за филм за серијата Македонија која требало да ја снима продукциската куќа „Јадран филм“ - Скопје, а станува збор за најскапата серија што некогаш е нарачана во историјата на македонската кинематографија. Сумата која требало да се исплати е 4,6 милиони евра, а продуцент требало да биде Хрватот Винко Грубишиќ.

До 4 септември требало да биде готова првата сезона од 14 епизоди, но сè уште ништо не е испорачано. Случајот е пријавен во МВР и во финансиската полиција, а го истражува и обвинителството.

Комисија од Агенцијата, а подоцна и од Министерството за култура оделе во инспекција во продукцијата куќа, но не нашле ништо. На адресите кои им ги давале од „Јадран филм“ комисијата наоѓала адвокатска канцеларија, кафе бар и други приватни помали фирми.

Директорот на Агенцијата, Горјан Тозија, се сретнал со продуцентот, но вели не го убедил во тоа што го ветувал, односно дека ќе ја сними и испорача серијата.

Продуцентот кога зборувал за серијата „Македонија“ кажувал дека тоа ќе биде надсерија, дури и подобра од „Игра на троновите“.

Тозија вели дека не знае дали има поврзаност на фирмата „Јадран филм“ - Скопје со таа во Загреб, односно дека нема информации дали во Загреб се информирани за она што се договарало во Македонија.

Интересно е што „Јадран филм“ - Скопје во земјава е регистрирана пет дена откако бил распишан конкурсот за серијата.

Симптоматично е, според Тозија, и тоа што конкурсот објавен во 2015-та година е направен така за да одговара на тоа што го понудиле од „Јадран филм“. Нејасно е како претходната власт распишала и резервирала толкава сума пари, а до надлежните продуцентот не доставил ниту сценарио.

Друг детал на кој упатуваат надлежните е што не се знае дали станува збор за документарна серија, играна или нешто друго. Од симптоматичните детали кои ги споменува Тозија во врска со доделувањето на парите за серијата е и тоа што е направена измена во Законот за филм во еден од членовите кој се однесува за финансирање филмови. Лимитот за финансирање филм од страна на државата е 62 милиони денари, но со измените во членот покрај за филм се додаваат и други аудиовизуелни дела за кои не постои ограничување во средствата што може да се доделат.

Каков ќе биде епилогот околу овој случај во иднина се очекуваат информации и од надлежните, како што е обвинителството кое отворило предмет. Надлежните очекуваат дека ќе успеат да вратат и дел од парите што веќе се дадени.

Контроверзиите околу серијата „Македонија“ излегоа во јавноста кон крајот на октомври, кога најпрво Агенцијата за филм по направена контрола ја информираше Владата што (не) се постигнало, по што на владина седница се донесе одлука да не се исплати остатокот од парите на Друштвото за филмска и видео продукција „Јадран филм“.

На 1 ноември, на брифинг со новинарите, портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, информираше дека биле префрлени дел од планираните пари, 1,2 милиони евра, но првата сезона од серијата ниту била снимена ниту испорачана во согласност со утврдениот термин, односно до 4 септември 2017.

Затоа, Владата тогаш донесе одука останатиот дел од вкупно планираните пари 4,6 милиони евра, воопшто да не ги префрла на продукциската куќа.

Истиот ден кога Владата ги соопшти овие информации, се јавија и од „Јадран филм“ отфрлајќи ги како потполно невистинити. Продуцентот Виктор Грубишиќ во реакцијата посочи дека е „јасно оти некој од свои причини на сосема некоректен начин погрешно ја информирал Владата“.

Најави дека поради објавената невистина многу порано од планираното ќе објават делови од снимениот материјал, што и се случи пред два дена кога беше објавено промотивно видео.

„Објавувањето на спотот е првиот чекор што го правиме во презентација на играната серија „Македонија“ пред јавноста и во транспарентен процес ќе ги надминеме сите предизвици со кои се соочивме и се соочуваме за време на подготовките и снимањето на првата сезона од серијата. Серијата нема никаква политичка заднина, првата сезона е снимена и ќе се емитува наскоро“, наведоа во соопштението.

Исто така, посочија и оти на серијата работеле речиси две години и дека истата веќе е продадена и ќе се емитува во девет земји.

Меѓутоа, ова видео се појави само на Интернет, до Агенцијата за филм не е ни дотавено.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Театарот „Војдан Чернодрински“ треба да биде самостојна институција

Театарот ја има претрпено најголемата штета во последните години, губејќи го брендот Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.

„Јадран филм“ ѝ врати 300.000 евра на Агенцијата за филм

Како ќе се наплати остатокот ќе сезнае по завршување на истрагата на ЈО и Финансиската полиција кои ја проверуваат документацијата, вели Тозија.

Промоција на книгата „Песна без зборови" од Весна Малјановска

Малјановска е музички теоретичар, педагог и новинар во културно- уметничката програма на Македонската телевизија.

Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес “ од утревечер во Охрид

Водичи за посетителите ќе бидат млади волонтери, средношколци кои поминале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк.

Во Струмица премиера на претставата „Царот Владислав“

Ова е четврта премиера на НТ „Антон Панов“ за сезонава, а е работена по текст дебитантски текст на авторот, струмичанецот Борис Јанков.

НАЈЧИТАНИ