• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
Плусинфо12:39 14 ноември 2017 ● Прочитано 1012

Во рамки на посетата на Брисел министерот за надворешни работи Никола Димитров и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи остварија средба со еврокомесарот Јоханес Хан и заменик-претседателот на ЕК Федерика Могерини.

На средбите, како што соопшти МНР, беа испратени охрабрувачки пораки за нашите европски перспективи. Фокусот на разговорите беше ставен врз потребата од интензивирање на реформскиот процес и негово преточување во конкретни резултати. Притоа беше реафирмирана поддршката на тековните реформски процеси и градењето мостови на добрососедство како силни аргументи за добивање безусловна препорака како клучен предуслов за посакуваната политичка одлука за отпочнување преговори со Унијата наредната пролет.

Како клучни моменти од суштинско значење за Македонија во претстојниот период беа подвлечени следните настани: објавувањето на Стратегијата на претседателот на ЕК Јункер за ЕУ перспективите на Западен Балкан (февруари 2018), извештајот на ЕК за напредокот (април 2018) и самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија за време на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ, во мај 2018 година.

- Ако веќе се натпреваруваат, земјите во регионот треба да се натпреваруваат во реформи и резултати. Позитивен натпревар за напредни општества со европска иднина. Во Стратегијата на претседателот на ЕК Јункер, треба да има место за сите. Пресвртот во Република Македонија е најдобрата приказна од регионот за 2017 година. Во комбинација со охрабрувачкиот регионален наратив и поддршката од ЕУ можеме да направиме разлика и вистински исчекор во 2018 година. Сепак, на тој пат клучни ќе бидат резултатите од реформите - истакна МНР Димитров.

Министерот Димитров оствари средба и со заменикот генерален директор на Генералниот директорат за внатрешни работи Сајмон Мордју. На состанокот беа разменети мислења за унапредување на соработката со Фронтекс за антиципирање и подобро справување со предизвиците на нелегалната миграција. Притоа беше подвлечена важната улога на Република Македонија како партнер на ЕУ во соочувањето со овој глобален феномен и неговите безбедносни и хуманитарни импликации.

На средбата со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантос Силва, беше изразена поддршка на реформскиот процес дизајниран да одговори на критериумите за членство. Градењето демократија и правна држава оди рака под рака со европските интеграции.

Разговорот со министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, беше искористен за презентација на нашите аргументи зошто Република Македонија треба да стане 30. земја членка на НАТО. Министерот Димитров се заблагодари за охрабрувачката поддршка во светло на неодамна потпишаната Декларација за партнерство и соработка. Средбата беше добра прилика за реафирмација на пријателството и партнерството меѓу двете земји, а се зборуваше и за Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес што идната година ќе се одржи во Обединетото Кралство.

На средбата со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, се зборуваше за натамошно унапредување на мерките за доверба и унапредување на прекуграничната соработка. На средбата стана збор и за процесот за надминување на единственото отворено прашање, за разликата околу името. Министрите разменија мислења како претстојниот период најдобро да се искористи за постигнување напредок во процесот под покровителство на ОН, кој се очекува да биде обновен во најскоро време. Соговорниците изразија заложби за водење отворен, конструктивен дијалог во добра верба, низ кој меѓусебната доверба ќе расте и во иднина. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

За Лавров ширењето на НАТО кон Македонија е конфронтација

Сергеј Лавров на Ивица Дачиќ на свечена церемонија му го врачи Орденот за пријателство, со кој беше одликуван од рускиот претседател Владимир Путин.

Еден загинат, еден повреден во сообраќајка на обиколницата

Возачот на возилото „југо“ починал на самото место, а В.Ѓ. е пренесен во Клиничкиот центар Мајка Тереза.

Мицкоски жали за Ќосето

Според него, ова сценарио е за дефокусирање од вистинските теми.

Ѓорчев се повлече од координатор на ВМРО-ДПМНЕ, на негово место Драган Данев

За негови заменици се поставени пратениците Горан Манојловски и Драган Цуклев, соопшти Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Актерот Владо Јовановски доби куќен притвор

Мерката притвор за Јовановски е заменета со куќен притвор, а судот ќе му го одземе и пасошот.

НАЈЧИТАНИ