• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
МИА12:43 14 ноември 2017 ● Прочитано 1116

Комедијата „Кец на десетка“ на авторот Митко Бојаџиски, в петок премиерно ќе биде изведена во Македонскиот народен театар.

Во претставата играат Александар Миќиќ-таткото Доксе, Тања Кочовска-мајката Грациела, Нина Деан-ќерката Ана и Ивица Димитријевиќ во улогата на Тоше.

На денешната прес-конференција в.д. директорот на МНТ Драган Спасов - Дац рече дека ја преработиле песната „Оnly you“ на Yazoo. Аранжманот и продукцијата е на Александар Митевски, а спотот на насловната нумера „Кец на десетка“ е сниман кај него.

- Сите актери се фантастични и со сигурност тврдам дека имаме хит - рече Спасов-Дац.

Потенцира дека режијата е колективна бидејќи сите биле вклучени во неа, во создавањето на претставата и играта.

Тој најави дека ќе се залага во МНТ да се играат комедии кои ќе носат публика, кои ќе бидат издржани и без вулгарности, како и еднаш годишно да продуцираат една претстава за млади режисери, актери и драматурзи.

Авторот Бојаџиски информира дека се работи за фамилијарна приказна од која се обидел да извади на површина се што е комично.

- Ја пишував како комедија и режисерот или глумецот, при процесот на работа, може слободно, природно, да го следи тој правец, таа комична линија и така се добива еден потенцијал кој овозможува креативно да се дополнува, да се збогатува претставата во зависност од концептот - рече Бојаџиски.

Актерката екипа оцени дека се работи за добра и интересна претстава, со секојдневна проблематика и изрази надеж дека публиката ќе се забавува.

Александар Митевски потенцира дека првпат создава музика за театар и додаде оти спонтано влегол во екипата.

„Кец на десетка“ е претпоследната претстава за оваа календарска година во МНТ, а последната ќе биде „Мама миа“ на 24 декември.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Театарот „Војдан Чернодрински“ треба да биде самостојна институција

Театарот ја има претрпено најголемата штета во последните години, губејќи го брендот Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.

„Јадран филм“ ѝ врати 300.000 евра на Агенцијата за филм

Како ќе се наплати остатокот ќе сезнае по завршување на истрагата на ЈО и Финансиската полиција кои ја проверуваат документацијата, вели Тозија.

Промоција на книгата „Песна без зборови" од Весна Малјановска

Малјановска е музички теоретичар, педагог и новинар во културно- уметничката програма на Македонската телевизија.

Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес “ од утревечер во Охрид

Водичи за посетителите ќе бидат млади волонтери, средношколци кои поминале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк.

Во Струмица премиера на претставата „Царот Владислав“

Ова е четврта премиера на НТ „Антон Панов“ за сезонава, а е работена по текст дебитантски текст на авторот, струмичанецот Борис Јанков.

НАЈЧИТАНИ