• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Рада И. Маневска13:14 14 ноември 2017 ● Прочитано 1057

Нешто не е во ред со комуникацијата меѓу Агенцијата за вработување и бизнис заедницата што битно влијае на малата реализација на дел од мерките за вработување. Состојбата се провлекува со години, но е актуелнa и сега по промената на власта. Ова денеска го призна и директорката на Агенцијата, Билјана Јовановска која на средба со бизнисмени од Стопанската комора на која беа презентирани активните мерки за вработување за годинава, побара бизнисмените поотворено да говорат за тоа што им пречи во работењето на Агенцијата.

- Наша цел е да се подобри комуникацијата со вас за да се реализираат успешно сите мерки. Очекувам она што му пречи на бизнисот во работењето на Агенцијата да го презентира отворено и како идеја за подобрување на комуникацијата. Можеби нешто недостига во нашето презентирање на услугите до вас, па затоа очекувам да помогнете со идеи како тоа да го подобриме. Ќе прифатиме и идеи како да се реорганизара нашето работење сè со цел да се подобри комуникацијата и реализацијата на мерките - рече Јовановска.

Досегашното искуство, додаде таа, покажа дека најинтересни за бизнисмените се мерките кои во себе вклучуваат некакво субвенционирање.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, пак, очекува планираните 17 милиони евра, плус дополнителни 2,2 милиони евра обезбедени со ребалансот на Буџетот за активни мерки за вработување за годинава да дадат ефекти посебно во мерките кои се однесуваат на вработување на младите до 29 години и на зголемување на вработеноста во малите и средни претпијатија кои се таргет група која треба да се развива и во идниот период.

За разлика од претходниот период сега конкурирањето за активните мерки за вработување нема временско ограничување туку трае додека се потрошат парите.

Претставничката на Обединетите нации Луиза Винтон и на оваа средба го спомена недостигот на парадоксот на македонскиот пазар на труд кој укажува дека и покрај големата невработеност бизнисите не можат да најдат соодветна работна сила.

- УНДП поддржува неколку мерки за вработување на млади, меѓу кои и отворање фирми и обука на работната сила. Очекуваме со овие мерки да се отворат 300 нови фирми во кои ќе се вработат 500 млади – рече Винтон.

Таа најави дека веќе се работи за активните мерки за вработување за идната година.

Бизнисмените, преку својот претставник од комората, ја потврдија констатацијата на УНДП дека и покрај зголемената невработеност не можат да ги пополнат најбараните работни места.

- Различни структури на бизниси имаат потреба од текстилни и кожарски работници, туристички работници, како и од метало- преработувачките струки - рече Елена Милевска Штрбевска.

Царовска најави дека Министерството за труд и социјална политика во иднина ќе го консолидира Оперативниот план и сите пари наменети за вработување кои доаѓаат од буџетот или преку донации до граѓански организации и Министерството за труд и социјална политика за да може потоа да даде целосна анализа на резултатите од мерките за вработување.

- Сега сите пари се расцепкани по различни мерки за вработување и не се знаат ефектите од тоа каде се трошат парите. Само од буџетот парите одат на различни места. На пример за Агенцијата за вработување посебно за секоја мерка, потоа во Министерството за труд и социјална политика наменети исто така за финансирање на мерки за вработување. Дел од парите кои се донации одат во институциите за различни проекти, како и за граѓанскиот сектор кој исто така нуди проекти за вработување. Сето тоа треба да биде на едно место за да можеме да имаме потоа целосна анализа за ефектите од овие инвестиции – рече Царовска.

Податоците на Агенцијата за вработување се дека во земјава моментално има 190.000 невработени.

- 100.000 се активни баратели на работа и околу 90.000 се оние кои досега се евидентираа како пасивни невработени на кои сега им се даде можност да се вклучат во активните мерки за вработување – информира директорката на Агенцијата за вработување, Јовановска.

 


 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Бугарија амбициозно „граби“ струја од сонцето

Иако источниот сосед сега има 60 пати повеќе фотоволтаици од Македонија, се гради нов гигантски соларен парк, а на покривите никнат соларни панели.

За проблемот со брашното ќе разговараат македонскиот и српскиот министер за земјоделство

Премиерот не очекува и зголемување на цената на лебот поради проблемите со кои се соочуваат мелничарите.

АПСУРДИ Власта се токми да ги осакати спортските обложувалници, ама и буџетот!

Измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри ќе предизвика масовни отпуштања во обложувалниците и пад на буџетските приходи.

Заев го посети тројцата браќа Вејселови, произвеле седум тони тутун ВИДЕО

Тутунот е тежок за производство, велат Вејселови, од расадување, берење, нижење до калапење во него учествува од најмалиот до највозрасниот член.

Струмички гимназијалци се наградени за идеи за „Коридорот 8“

Тие учествуваа со свои проекти како да функционра ова значајна комуникациска врска меѓу Македонија и Бугарија во иднина.

НАЈЧИТАНИ