• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
Александар Самарџиски13:07 14 ноември 2017 ● Прочитано 2579

Треба да се стави ред со спомениците. Ваква експанзија со споменици како што имаше во Македонија немало во ниту една друга земја, рече продуцентот и в.д. директор на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кое е неговото мислење за дислокација или рушење на спомениците од проектот „Скопје 2014“.

Последните информации за спомениците се дека работната група до Министерството за култура ги доставила првите елаборати за спомениците од проектот „Скопје 2014“ - за Андон Јанев Ќосето кај комплексот судови и за Мајка Тереза и Воин на коњ на плоштадот „Македонија“. Тие ќе бидат проследени до Владата која ќе одлучи што понатаму со нив.

Ќе се разгледуваат елаборатите за да се определи и кои институции се надлежни за нив, оние на локално или оние на централно ниво. Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, вчера изјави дека процедурите се толку згрешени што е сложено и отплеткувањето за тоа кој е надлежен да преземе активности во однос на овие објекти.


 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Шилегов ќе ги дислоцира галиите од Вардар

Најспорно е тоа што овие објекти претставуваат урбана опрема според документацијата издадена од градот, иако се градби на неколку ката, тврди Шилегов.

Пристигнати 324 барања за субвенционирање печки на пелети

Пријавувањето на јавниот повик почна на 15 ноември, траеше седум календарски дена, a се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.

Од денеска до сабота затворена улицата Втора македонска бригада

Aвтобуските линии со броевите 19 и 35 ќе бидат пренасочени по улицата Босна и Херцеговина, во двата правцa.

Стотици невработени почнаа да го чистат Скопје ГАЛЕРИЈА

„Генералката“ денеска почна од населбата Бутел и ќе трае дваесеттина дена.

Центар нема да троши пари за Нова година ама ќе има прослава на сквер „Јадран“

Околу шест милиони денари, колку што требаше да се одвојат за новогодишната прослава, ќе се пренаменат за чистота и социјална помош.

НАЈЧИТАНИ